Папата Фрањо: Исусовите ученици се луѓе кои ја следат логиката на верата

Папата Фрањо: Исусовите ученици се луѓе кои ја следат логиката на верата

Бог посакува вера, народот сака чуда и знаци

Минатата недела Литургијата ни понуди размислување за настанот од синагогата во Назарет, кога Исус го прочита делот од книгата на пророкот Исаија и на крајот објави дека тие зборови се „исполнети денес“ во Него – рече Папата пред молитвата Ангел Господов. Исус се претстави како Оној врз кого слегна Светиот Дух, кој го посвети и испрати да му донесе спасение на човештвото – рече Папата и истакна: евангелието од денешната Литургија (Лука 4,21-30) е продолжение на тој настан и ни ги прикажува запрепастени Исусовите сограѓани, откако виделе дека еден од нив, синот на Јосиф (Лука 4,22), тврди дека Тој е испратен од Отецот.

Исус кој со својата способност продира во умот и срцето, веднаш разбра што мислат сограѓаните – рече Светиот Отец и објасни: Бидејќи бил еден од нов, сметале дека мора да се докаже во тоа негово тврдење, правејќи и во Назарет чуда, како што тоа го направил во соседните краишта (Лука 4,23). Но Исус не сакал и не можел да ја прифати таа логика, затоа што не одговарала на Божјиот план. Бога сака вера, а тие сакаат чуда и знаци, Бог сака да ги спаси сите, а тие сакаат Месија за своја корист. Исус, како би ја објаснил Божјата логика, наведува примери од Илија и Елисеј, два великани на старите пророци кои Бог ги испрати да лекуваат и спасуваат, но не еврејскиот народ, туку други народи, кои се надевале на Неговото слово.

Соочени со тој повик да го отворат срцето на својата бесплатност и универзалност на спасението, Назарејците се побуниле и биле толку насилни, па како станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора (Лука 4,29) – рече папата Фрањо и додаде: Воодушевувањето кое го имале во првиот момент се претвори во насилство и побуна против Него.

Тоа Евангелие ни покажува дека Исусовото јавно делување започнало со одбивање и закана со смрт, што всушност е парадоксално, затоа што доаѓа од неговите сограѓани – рече Папата и продолжи: Прифаќајки го посланието кое му го довери Отецот знаел дека мора да се соочи со напор, отфрлање, прогонство и пораз. Тоа е цената, која, како во минатото, така и денес, вистинските пророци се повикани да ја платат. Меѓутоа грубото отфрлање не го обесхрабрило Исус, ниту го запира чекорењето и плодноста на неговото пророчко делување. Продолжил по својот пат (Лука 4,30), верувајќи во љубовта на Отецот.

Светот денес има потреба во Господовите ученици да види пророци, односно храбри и истрајни луѓе кои одговараат на христијанскиот повик; луѓе кои ги следат поттиците на Светиот Дух, кој ги праќа да навестуваат надеж и спасение на сиромашните и исклучените; луѓе кои ја следат логиката на вера, а не на чуда; луѓе кои се посветени служејќи на сите, без привилегии и исклучувања. Накратко, луѓе кои во себе се отворени да ја прифатат волјата на Отецот и да се ангажираат за да сведочат верно на другите. Да ја молиме Пресвета Дева Марија да можеме да расетме и да одиме со истиот апостолски жар за Царството Божјо, кое е вдахновено со Исусовото послание – рече на крајот Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот