После молитвата Ангел Господов: Да се обединиме во молитвата за заштита на секое човечко битие
По завршувањето на пладневната молитва Ангел Господов на 21 јуни 2020 година, Светиот Отец се осврна на вчерашниот Ден на бегалците и апелираше за оние кои се присилени да ги напуштат своите домови
Вчера Обединетите нации го одбележаа Светскиот ден на бегалци – рече папата Фрањо по завршувањето на пладневната молитва и истакна: Кризата која ја предизвика коронавирусот покажа потреба да им се обезбеди на бегалците неопходна заштита, како би се гарантирало нивното достоинство и безбедност. Ве поттикнувам да се обединете со мене во молитвата за обновено и делотворно залагање на сите во корист на ефикасна заштита на секое човечко битие, посебно оние кои поради големи опасности за себе и своите семејства се присилени да побегнат.
Односот на човекот и средината е втората димензија за која пандемијата нè поттикнува на размислување – рече Папата и додаде. Затворањето го намали загадувањето и повторно ја откри убавината на многу места кои беа ослободени од сообраќајот и галамата. Сега, во продолжение на активностите, сите би морале да бидеме одговорни за грижата за заедничкиот дом. Ги почитувам бројните иницијативи кои во сите делови во светот настануваат “одозгора“ и одат во тој правец. На пример, денес во Рим една иницијатива е посветена на реката Тибер. Но има многу такви инцијативи. Граѓанството нека го промовира уште појасно тоа важно општо добро.
Денес во Аргентина, мојата татковина, како и во некои други земји се слави „Денот на таткото“ – рече Светиот Отец и додаде: Својата близина и молитва ја гарантирам на сите татковци. Сите знаеме да се биде татко не е лесна работа, затоа да се молиме за нив. На посебен начин се сеќавам на нашите татковци, кои од небото и понатаму нè штитат.
Ве поздравувам сите вас, драги верници од Рим и поклоници од различни делови на Италија, а сè повеќе и од други земји. Посебно ве поздравувам вас младите. Денес се сеќаваме на свети Алојзиј Гонзага, младо момче со полно љубов кон Бог и ближниот, кој умре тука во Рим затоа што се грижеше за болните од чума. Ги доверувам младите од целиот свет на неговото застапништво – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк