На крајот на јули североисточниот мексикански град Монтери е погоден од ураганот „Хана“ кој му нанесе значителна штета, дури и човечки жртви. Но, во сето тоа се појавува зрак добро, всушност малку поголем „зрак – повеќе од 12 метри висока статуата на Пресвета Богородица која исчезнала во ураганот Алекс.
Станува збор за статуата на Пресвета Богородица Гвадалупска која исчезнала пред десет години во ураганот Алекс, а која ја благослови свети Иван Павле II. се појавила од коритото на реката Санта Катарина после пет години лежење под кал и камења.
Статуата како што пренесува Алетеија е изработена во 1990 година и била подигната со висок крст на олтарот на отворено каде папата свети Иван Павле II служел света Литургија. Се наоѓала 20 години на исто место додека Монтери не е погоден од ураганот Алекс на 30 јуни 2010 година.
Во краток временски период градот е поплавен од дожд, а надојдената река Санта Катарина се излева од своето корито и го уништила. Тогаш загинале најмалку 15 луѓе, а со мостовите и патиштата водата ја однела и тааа статуа на Пресвета Богородица.
Кога се санирала штетата се видело дека статуата се наоѓа под камења и кал на длабочина од два метри. Но со оглед на големината и тежината на статуата нејзиното вадење било оценето како непрактично. Но, оваа година на крајот на јули ураганот Хана донесува нова поплава кои го откриле лицето на Пресвета Богородица на статуата.
Надбискупот на Монтери монс. Рохелио Кабрера го опишал тој настан посебно знаковит за католиците – настан кој исполнува со надеж и подобра иднина. Верниците започнале набрзо да ја обиколуваат статуата која е позната како Девицата од Реката. После расправата со надлежните институции одлучено е дека статуата после обновата ќе се врати на првобитното место на надворешниот олтар покрај реката.
Недјелја/к.мк