Во пресрет на претстојниот празник Пресвето Срце Исусово, папата Фрањо во среда 9 јуни 2021 година ги повика верниците, да се молат на Исус да ги преобрази нивните срца и великодушно да го сакаат Бог и ближниот.
Задутре го славиме празникот Пресвето Срце Исусово, во кој Божјата љубов се сретна со целиот човечки род. Го поканувам секој од вас да гледа со доверба во Пресветото Срце Исусово и често да повторуваме, особено во овој месец јуни: Исусе, кротко и понизно срце, преобрази ги нашите срца и дај ни великодушно да ги сакаме Бога и ближниот, рече Папата во неговиот поздрав до италијанските верници на редовната Генерална во среда.
Ватикан њуз/к.мк