Помош на Папата за спречување на гладот во Источна Африка

Помош на Папата за спречување на гладот во Источна Африка

За да помогне на населението во Источна Африка, кое е погодено од голема прехранбена несигурност и беда, папата Фрањо на организацијата ФАО, Организација за прехрана и земјоделство на Обединетите Нации, поклони 25.000 евра. Поттикнат од желбата да ги охрабри владите – пишува Светиот Отец во пораката до учесниците на првото заседание на 40. Генерално собрание на споменатата организација на Обединетите Нации – сакам со својот прилог да се придружам на ФАО во набавката на семенски материјал за руралните семејства, кои живеат на подрачја во кои се чувствуваат последиците од конфликтите и сушата.

Тој гест се надоврзува – стои понатаму во пораката – на работата на Црквата која ја извршува во склад со своето послание да биде покрај сите сиромашни на планетата и да ги придружува делотворно завземајќи се за сите и во нивна корист.

Многу е тешка ситуацијата во Јужен Судан – потсетува ФАО во едно соопштение – каде што околу 6 милиони жители секојдневно се борат за да обезбедат доволно храна за да преживеат. Бројот на лица на кои им е потребна хуманитарна помош во петте земји на Источна Африка – Сомалија, Етиопија, Кенија, Танзацнија и Уганда – за сега се проценува на околу 16 милиони. Тоа значи дека од крајот на 2016 година таа бројка е зголемена за околу 30 % – стои на крајот од соопштението.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот