Папата Фрањо утрото на 17 декември во 7.15 минути прими осум бездомници кои му го честитаа 80-тиот роденден и му подарија букет сончогеди кои Светиот Отец веднаш ги однесе во капелата на домот Света Марта.
Папата Фрањо своите први гости потоа ги однесе во трепезаријата каде ги пречека и неговиот „министер за сиромашни“ монс. Конрад Крајевски. Тоа беше срдечна средба засладена со аргентински колачи, а заврши околу 7.45 минути кога Папата се упати во домот Света Марта каде во заедништво со кардиналите служеше света Литургија.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк