Погледнете како свештениците од Полска молат за нови духовни звања

Погледнете како свештениците од Полска молат за нови духовни звања

Свештениците во рацете ќе носат дрвен крст со мошти од свети Иван Павле II и од света Тереза на Детето Исус. На крстот се испишани зборовите: „Исусе Те барам.“

Во надбискупијата Честохова моментално делуваат околу 900 свештеници, додека уште 100 момчиња, семинаристи и богослови се подготвуваат за свештеничкиот повик. Меѓутоа верниците од оваа надбискупија во Полска веќе долго се молат за поголем број звања, пренесува Catholic News Agency. Оваа лето им се придружија нивните свештеници кои одлучиле да организираат молитвено ходочастие на улиците. Ходочастието го нарекле „Свештениците молат и одат за нови духовни звања.“

Молитвеното ходочастие започна на 16 јули, а ќе заврши на 20 август. За време на ходочастието свештениците ќе одат од една до друга парохија, обиколувајќи ги така сите деканати, а за време на ходочастие ќе се моли Света Бројаница и ќе постат за нови духовни звања. Секој од нив ќе изоди помеѓу 20 и 40 километри.

Во рацете ќе носат дрвен крст со мошти од свети Иван Павле II и од света Тереза на Детето Исус. На крстот се испишани зборовите: „Исусе Те барам.“ Голем број лаици се придружија на своите свештеници во ходочастието и на молитвата Света Бројаница. Помошниот епископ Андреј Прсвбулски кој ходочастеше на 19 јули вака ја коментира акцијата за нови звања: „Ова е нашиот скромен придонес за звања. Сакаме да одиме од една до друга црква за да ги поттикнеме младите луѓе да се одѕоват на повикот.“

Битно.нет/к.мк

 

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот