Победа за семејството во Франција
Големата реформа за семејство, силно посакувана од социјалистичката влада на Жан – Марк Еро и поддржана од претседателот Франсоа Оланд се одложува на неодредено време. Ова го соопшти прес-службата на францускиот премиер на 4 февруари, според која „продолжува подготвителната работа”, но „парламентарната програма е преоптоварена” така што реформата нема да може да биде вклучена во календарот за 2014 година.
Нацрт законот требаше да помине на Владата, а потоа во вториот дел на годината да се дискутира во парламентот. Овој предлог законот дозволува можност за легализација на вештачкото оплодување кај хомосексуални парови, како и бројни промени кои се однесуваат за семејството, како и улогата на мајката и таткото во односот кон децата. „Ова е победа, бидејќи овој предлог закон не ги поддржува интересите на децата и семејството”, изјави Лудовин де ла Рошер, претседател на здружението на граѓански движења за заштита на семејството „Маниф пур ту” (Manif pour tous).
Минатата недела во различни европски градови се одржаа маршеви за заштита на традиционалното семејство. Според организаторите во Париз се собраа над 500.000 луѓе.
РВ/го*ко