Во недела 30 декември 2018 година, по молитвата Ангел Господов, Папата го спомна народот во Демократска Република Конго кој страда заради насилство и од епидемија на ебола, а каде на овој ден се одржуваат претседателски и општи избори.
Драги браќа и сестри да се молиме заедно за сите оние кои во Демократска Република Конго страдаат заради насилство и од ебола. Сакам сите да се ангажираат за да се одржи мирна атмосфера која ќе овозможи регуларно и мирно одржување на изборите – рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк