Оваа писмо е пишано вечерта пред денот на свештеничкото ракополагање на мојот брат.
Долго ја сонуваше оваа вечер, утрешниот ден и деновите кои до крајот на животот ти следат… Како ќе биде? Ќе можеш ли, ќе сакаш ли да знаеш? Па сепак, уште си 24… Млад си! Не треба да очекуваш чуда. А лесно заборавате на тие мали чуда кои доведоа до ова што си ти вечерва. Што ќе станеш утре.
Свештеник! Засекогаш свештеник!!!
Какви милости, каква ли гордост, какво ли чудо. Колку благодарност! Колку смела, голема задача…
Колку ли само молитви се искажани пред пресветиот олтар Божји за твојот повик!? Колку ли пак од утре ќе бидат искажани?! Тоа е твојата најголема сила.
Знам дека си подготвен… Бог кој те повикал, те направи подготвен. И понизен. Остани таков… Подготвен и понизен. Едноставен, а длабок…
Знаеш дека секогаш ќе бидам овде. Во близина… Како и до сега. Ќе ти го чувам грбот, и ќе молам за твоето срце. Ќе молам никогаш да не се измориш од патот на кој си испратен.
Нека Бог во тебе го доврши делото кое го започнал. Нека го доврши преубавото чудо.
Во животот за многу работи можеме да бидеме благодарни. За сѐ што Исус ни дал, благодарен сум што ми те дал тебе. Што ми дал брат! Помлад брат, со кој пораснав, си играв, пеев и плачев. Брат од кој многу пати учам.
Знам колку долго чекаше, молеше, размислуваше кога ќе дојде овој ден. И ние… Уживај во него. Нека ти се радува срцето и воскликнува душата. Мајка Марија со својот заговор те придружуваше, а небото нека се радува со нас.
Да се има брат свештеник е непроценлив и драг, неопислив дар.
Бог да те благослови и засекогаш да те чува.
Млади католици/к.мк