Патер Ломбарди за посетата во Кореја

Папата Фрањо го заврши своето апостолско патување во Кореја испраќајќи уште една порака за мир и помирување. И на средбата со азиските епископи, на 17 август зборуваше за неопходно потребното промовирање на дијалогот и културата на средба и посебно го истакна зборот „емпатија“.

Папата, како што знаеме, бара средба – рече во разговор за Радио Ватикан патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол – секогаш зборува за културата на средба; луѓето се среќаваат кога постои вистинска расположеност на срцето, умот и личноста во нивната целост, за прифаќање на другиот, кога постои волја за другата личност да се сфати и прифати, мислејќи на тоа дека средбата взаемно нѐ збогатува, од средбата да се вратиме духовно подобри и побогати, а можеби и со верски вредности. Затоа Папата на епископите од азискиот континент, на кој дијалогот помеѓу различните култури, религии и различните народи им е многу важен, истакнува дека е потребно посебното однесување за соочување, уште повеќе за животот во такви ситуации, бидејќи тоа е состојбата во која обично живеат христијаните во Азија. Емпатијата значи способност за хармонија, за ставање на иста бранова должина, односно за речиси инстинктивно разбирање, бидејќи на тој начин целото битие се става во движење за да ја прифати другата личност. Тоа не е едноставна, формална работа, туку во тоа лично се ставаме во игра – рече патер Ломбарди.

Осврнувајќи се потоа на проповедта на Папата на Литургијата по повод прославата на Денот на младите во Азија, одржана под мотото „Млади во Азија разбудете се!“ патер Ломбарди истакна дека Светиот Отец кај тие млади настојува да поттикне ентузијазам кој им е потребен за животот во често тешките ситуации во кои што тие често се малцинство во општеството во кое живеат, а тоа често донесува тешки социјални, економски проблеми. Тие млади потребно е да се охрабрат, но не со чувство на сожалување, туку со чувството на големо достоинство, кое тие треба да го откријат и да го живеат, а кое своите темели ги има во верата која се живее.

Многу е убаво да ги соочиш младите со сведоштвото на мачениците – рече потоа патер Ломбарди – со оние кои навистина се херои во христијанскиот живот, кои знаеле потполно да се стават во игри и во ситуации на најсилниот отпор на верата и нивниот живот и тоа за да ја потврдат позитивноста на својата вера. Тие исто така се маченици за заземањето за општествена еднаквост и љубов во општеството, кое што го отфрлало вниманието кон секој човек, а посебно кон најслабите и луѓето кои ги сметале за помалку вредни. Папата затоа сака младите да ги предупреди на патот на храброста, ентузијазмот, радоста, секогаш втемелени на сигурната вера која произлегува од средбата со Христос, од познатството со Исус Христос и пријателството со Него – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот