Патер Ломбарди за неовластеното објавување на енцикликата

Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, патер Федерико Ломбарди даде изјава за неовластеното објавување на текстот од новата енциклика на папата Фрањо. Објавена е скица од италијанскиот текст од енцикликата на папата Лаудато си.

„Имајте во предвид дека тоа не е конечниот текст и дека и понатаму важат правилата за ембарго на текстот. Ги молиме новинарите да ги почитувааат професионалните стандарди и да се чека официјалното објавување на конечниот текст“ кое ќе се случи во четврток попладне.

Додаваме дека новинските агенции, имено, често примаат документи и информации однапред и во тие случаи од новинарите се очекува да го почитуваат ембаргото за објавување – односно датумот и времето на официјалното објавување.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот