Најавената посета на жртвите од земјотресот во надбискупијата Камерино – Сансеверино во италијанскиот регион Марче, за локалните верници е знак на надеж, во поглед на спорото напредување при обновата
Папата Фрањо на 16 јуни 2019 година ќе ја посети надбискупијата Камерино – Сансеверино, која во периодот од август до октомври 2016 година повеќе пати беше погодена од земјотрес. Оваа вест ја објави Ватиканската канцеларија за печатт при Светиот Престол, а свештеникот Луиџи Веролини, директор на Каритас на спомнатата надбискупија, за Радио Ватикан коментира дека се радува што Светиот Отец ја прифати поканата на нивниот надбискуп, монсињот Франческо Масари. Од посетата на Папата очекуваме нов поттик за сите нас и за властите, како обновата после змејотресот би продолжила со побрзо темпо – истакна отец Веролини.
Отец Луиџи Веролини истакна дека три години по земјотресот сѐ уште се соочуваат со бројни проблеми, како што е фактот дека 345 цркви, од вкупно 381 на тоа подрачје уште не може да се користат за богослужби, додека обновата напредува споро. Свештеникот се пожали дека верниците се обесхрабрени и потиштени и дека ја губат надежта. Да се нема дом, да се нема црква и после три години станува тежок товар и затоа повикуваме постапката за обнова да се забраза – рече директорот на Каритас на надбискупијата Камерино – Сансеверино во италијанскиот регион Марче.
Ватикан њуз/к.мк