Папата ќе го посети Торино?

Наредната година папата Фрањо може да го посети Торино. Со ова Папата ја прифаќа поканата од торинскиот архиепископот Чезаре Носилија, кој мината година при изложувањето на Торинското платно го покани папата Фрањо да го посети Торино. За време на аудиенцијата папата Фрањо на архиепископот му ја потенцирал својата „желба да биде поклоник во Торино“. Кога ќе се случи посетата сѐ уште не е точно одредено, сѐ уште не е јасно, изјавија од Архиепископијата.

Следната година после Велигден ќе биде јавно изложено Торинското платно, така што во Архиепископијата сметаат дека посетата може да биде после Април 2015 година. Постои и дополнителна причина за посетата на Папата на Торино: 200 години од раѓањето на свети Дон Боско. Основачот на монашката заедница долго време живееше во Торино и е погребан во базиликата Марија Помошничка.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот