Папата ја прифати поканата да ја посети Шри Ланка

Ја прифаќам поканата да ја посетам Шри Ланка – рече СВетиот Отец на претставниците на шриланската заедница во Италија со кои се сретна во сабота, 8 февруари во базиликата Свети Петар, по повод 75 години од посветувањето на Шри Ланка на Блажена Девица Марија.

Се заблагодарувам на кардинал Ренџит на поканата да ја посетам Шри Ланка. Ја прифаќам поканата и се надевам дека Господ ќе ни ја даде таа милост – рече Светиот Отец потсетувајќи дека пред 75 години народот на Шри Ланка се довери под заштитата на Марија која секогаш ги брани своите деца од опасности. Богородица секогаш е со нас, секого го гледа со својата мајчинска љубов и секогаш нѐ следи на нашиот пат. Не двоумете се да и се обратите на Неа во секоја потреба, посебно кога се чувствува теретот на животот со своите проблеми – поттикна Светиот Отец.

Осврнувајчи се на неодамнешниот вооружен судир на Шри Ланка, Светиот Отец рече дека не е лесно да се лекуваат раните од довчерашниот противник и да се соработува во изградбата за подобра иднина, но тоа е единствениот пат кон подобра иднина, развој и мир. Поради тоа ви гарантирам место во својата молитва. Ќе се молам на Бог да ви дарува дар на мирот и помирување и да ви помогне во остварувањето на подобра иднина за сите жители на Шри Ланка – рече на крајот папата Фрањо, поттикнувајќи ги присутните да се молат за него.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот