Папата Фрањо во понеделник 14 декември 2020 година во аудиенција ја прими претседателката на Република Словачка Зузана Чапутова, која потоа се сретна со секретарот за односи со државите, надбискупот Пол Ричард Галагер – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат беше истакнато задоволството од постојните билатерални односи, со надеж дека тие дополнително ќе се подобруваат во областа на образованието и во однос на улогата на Црквата во општеството. Потоа стана збор за некои прашања од заеднички интерес како што се влијанието на пандемијата Ковид-19, социјалната правда и зачувувањето на создадениот свет.
На крајот стана збор за прашања од регионална и меѓународна природа, како што се безбедноста, миграцијата и мултилатералните напори за спречување и решавање на конфликти, со особено внимание на предизвиците на сегашноста и иднината на Европа.
Ватикан њуз/к.мк