Папата ја прими претседателката на Малта

Во понеделник 29 септември во Апостолската палата Светиот Отец на аудиенција ја прими Марие Луиз Колеиро Преца, претседателка на Малта, која потоа се сретна и со атхиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.

Во срдечниот разговор истакнати се добрите односи на Светиот Престол и Малта, при што е потенциран важниот допринос на Католичката црква во образованието и грижата, посебно за сиромашните. Освен тоа разговарано е и за разни теми од заеднички интерес, а пред сѐ за улогата на христијанските вредности во изградбата на малтешкото општество, како и охрабрување на институцијата семејство. На крајот од разговорите е разговарано и за некои меѓународни прашања.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот