Светски ден на бегалци: Во оние кои чукаат на нашата врата можеме да го видиме Исус

Светски ден на бегалци: Во оние кои чукаат на нашата врата можеме да го видиме Исус

На 20 јуни во целиот свет се слави Светскиот ден на бегалци, ден воспставен од ООН со цел сензибилизирање на јавното мислење за драмата на повеќе од 66 милиони луѓе во светот, кои се прислени да ги напуштат своите земји како би побегнале од војни, насилства и беда. Да се постетиме на некои мисли на Папата поврзани со оваа тема:

Надеж, доверба и братсво – се зборови кои папата Фрањо често ги повторува од почетокот на своето научителство, зборувајќи ја драмата на бегалците и прогонетите. Така по повод овој Светски ден на бегалци од својот Твитер профил испрати две пораки.

Во првата ги поттикнува сите луѓе во сирмашниот, отфрлениот и бегалецот да го сретнат Исус, додека во втората истакнува дека достоинството на личностите не зависи од тоа дали е граѓанин, мигрант или бегалец. Да се спаси животот на оној кој бега од војна и беда е дело на човечност – истакнува Папата.

Во пораката пак за овогодинешниот Светски ден за мигранти и бегалци Папата потсети дека секој странец кој чука на нашата врата е можност за средба со Исус. Свртувајќи внимание на прифаќањето, побара да се поттикне спојувањето на семејствата; ја истакнува потреба на бегалците да им се овозможат услови за да се остварат како личности, а потоа и интеграција како би се обликуало општеството кое се одржува од различните Божји дарови дадени на луѓето.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот