Папата ја прими на аудиенција делегацијата на американскиот универзитет Нотр Дам

Светиот Отец на 30 јануари ја прими на аудиенција делегацијата на Католичкиот универзитет Нотр Дам e од американската сојузна држава Индијана, по повод отворањето на новото седиште на тој универзитет во Рим. Папата заблагодари на управниот одбор на таа академска институција која во 1842 година ја основа Едвард Сорин, член на Конгрегацијата на Светиот Крст. Од самото основање универзитетот Нотр Дам дава важен придонес на Црквата во вашата земја, и со своето заземање во воспитувањето на младите и во поучувањето на спознавањето на вдахновената надеж во склад помеѓу верата и разумот, и во копнежот за вистината и праведноста – истакна папата Фрањо.

Отворањето на седиштето на тој универзитет во Рим, е можност и за студентите – како што рече Светиот Отец – да дојдат во допир со историските, културните и духовните богатства на Вечниот град, отворајќи го својот разум и своето срце за континуитетот помеѓу верата на Петар и Павле, како и мачениците од секое доба, и верата која им се пренесува во семејствата, училиштата и парохиите.

Вдахновеноста која го водела патер Едвард Сорин – истакна Папата – и понатаму е многу важна, во променетите прилики на XXI век, поради идентитетот кој го одбележува тој универзитет и неговото служење на Црквата во американското општество. Во таа смисла е важно храброто сведочење на католичките универзитети во однос на моралната наука на Црквата и заштита на слободната поддршка на таа наука – истакна Папата и додаде дека таа наука проповедува пастирско поучување, и тоа во црковните воспитни институции, и преку нив. Се надевам дека Универзитетот Нотр Дам и понатаму ќе го нуди своето неминовно и јасно сведоштво од својот важен католички идентитет, посебно пред обидите да се ослаби, од било која страна тие да доаѓаат – истакна папата Фрањо.

Да се потсетиме дека во последните години Универзитетот Нотр Дам поттикна голема расправа во католичката академска средина, бидејќи во 2009 година му додели почесен докторат по право на американскиот претседател Обама, и покрај неговиот политички став во корист на правото на абортус.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот