Папата Фрањо ги повика раководителите на Римската курија првата недела од Великиот пост да ја посветат на на духовни вежби
Канцеларијата за печат на Светиот Престол во петокот, 20 јануари 2023 година, објави дека папата Фрањо ги повика сите кардинали кои престојуваат во Рим, раководителите на ватиканските дикастерии и раководителите на Римската курија да одвојат една недела за молитва за време на Великиот пост.
Папата ги покани највисоките функционери на Римската курија лично да искусат период на духовни вежби и да престанат со работните активности и да се вклучат во молитва од недела попладне 26 февруари до петокот попладне 3 март 2023 година.
Споменатиот период за духовни вежби се совпаѓа со првата недела од Великиот пост.
Во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол се наведува и дека активностите на папата Фрањо ќе бидат прекинати во текот на таа недела, вклучително и Генералната аудиенција во среда, 1 март.
Ватикан њуз/к.мк