Папата: Црквата не треба да биде наврзана на парите и моќта

Црквата не треба да биде наврзана на парите и власта, не треба да го „почитува“ митото, туку Исусовото Слово нека биде нејзината сила и радост – посака Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 20 ноември во капелата на домот Света Марта.

Поаѓајќи од литургиското читање земено од Првата книга Макавејска која зборува за радоста на народот заради повторната посвета на Светилиштето кој го оскверниле паганите и световниот дух, Папата зборуваше за победата на оние кои ги прогонувало едноумието. Божјиот народ се радува затоа што повторно го откри својот идентитет. Световноста не е способна да организира вистинска радост; единствено може да си го дозволи минливото, бучното, веселби бидејќи вистинската радост произлегува од верноста на Божјиот сојуз – рече Светиот Отец и се осврна на сцената од храмот. Евангелието проповеда како Исус од храмот ги гони трговците: „Напишано е: Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.“ Тоа што се случувало во времето на Макавејците се случувало и во Исусовото време: световноста го заземала место на почитување на живот Бог – рече Папата додавајќи:

Првосвештениците и старешините народни Евангелието вели: книжниците – малку ги промениле работите. Се впуштиле во „срозување“ и го „валкале“ храмот. Храмот е слика на Црквата. Црквата секогаш ќе ја искушува световниот дух и моќта кои Исус и Црквата не ги сакаат. Исус не вели: тоа не смеете да го правите, туку вели тоа треба да го правите надвор од храмот. Вели: Храмот сте го претвориле во разбојничка пешетера. Кога Црквата ја обзема процес на декаденција, тогаш тоа многу лошо завршува – истакна Папата.

Опасноста од корупција во Црквата постоела отсекогаш. На тоа искушение Црквата подлегнува кога се наврзува на парите и световната моќ наместо да настојува околу верноста на Господ Исус, Господ на мирот, радоста, спасението. Евангелискиот дел говори за тоа. Првосвештениците и книжниците се наврзани на пари и моќ; го заборавиле духот. А за да се опрвадаат и да зборуваат дека се праведни и добри, духот Божји на слободата го замениле со строгост. Во 23 глава од Евангелието по Матеј Исус зборува за таа строгост. Народот го изгубил чувството за Бог, а со тоа и способноста за радување и благодарење: повеќе не знаеле да го фалат Бог, бидејќи биле наврзани на парите и моќта, на световноста како оние во Стариот Завет – рече папата Фрањо.

Од храмот Исус не ги истерал свештениците и книжниците, туку трговците, храмските шпекуланти. (…)

Силата Исусова била неговото Слово, сведоштвото, неговата љубов. А каде што е Исус таму нема место за световност и корупција. Таа е нашата секојдневна борба, секојдневна борба на Црквата: секогаш Исус, секогаш со Исус наврзувајќи се секогаш на неговите зборови и не барајќи никогаш сигурност кај друг господар. Исус рече дека не може да им се служи на двајца господари: или Бог или богаството; или Бог или моќта – истакна Папата.

Ќе биде добро да молиме за Црквата да мислиме на бројните маченици на денешницата кои трпат и умираат за да не ги обземе духот на световноста, едноумието, отпадништвото. Во Црквата денес има повеќе маченици отколку во првите времиња. Добро ќе ни дојде размислување за нив и молитва за милост никогаш да не попуштиме на световноста која нè наврзува на парите и моќта – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот