Папата: Христијаните говорат со љубов и вистина
Ватикан, 4.6.2013 /к.мк/ – Еден христијанин не користи говор на лицемерие, туку е навестител на Евангелските вистини и отворен како децата. Ова го кажа папата Фрањо на светата Литургија во вторник 4 јуни во капелата на домот Света Марта. Со Папата сослужуваа Нерсес Бедрос ХІХ Тармуни, ерменски патријарх, епископот Канди од Шри Ланка и монсињор Жан Луи Бруг од ватиканската Апостолска библиотека. На светата Литургија присуствуваа претседателот и директорот на Италијанската државна телевизија РАИ, Ана Марија Тарантола и Луиџи Губитози со нивните семејства.
Денешното Евангелие говори како фарисеите и иродовците со еден изопачен јазик го прашуваат Исус, дали да се плаќа данок на царот или не? Овој дел од светото Евангелие беше повод за размислувањето на Светиот Отец во денешната проповед, а е во тесна врска со вчерашното размислување. Намерата со која се доближуваат до Исус е да го натераат да „падне во мрежата“, посочи Папата. Нивното прашање, дали е дозволено да се плаќа данок на царот е поставено со „мек глас, со убави зборови, со слатки зборови“. „Се обидуваат да се покажат дека се пријатели“ – рече Папата. Но сето тоа е погрешно. Затоа што, објасни папата Фрањо, „тие не ја бараат вистината“, туку самите себе и на тој начин „се обидуваат да мамат, да вовлечат и други во нивната лага. Нивното срце е лажливо, не можат да ја поднесат вистината“.
Точно е дека јазикот на изопаченоста е лицемерието. Кога Исус им говори на своите ученици и напомнува: вашиот говор да биде: Да, да! Не, не!. Лицемерството не е говор на вистината, бидејќи вистината никогаш не оди сама. Никогаш! Таа чекори заедно со љубовта! Нема вистина без љубов. Љубовта е првата вистина. Ако нема љубов, нема и вистина. Тие посакуваат вистина која ќе биде роб на нивните интереси. Кај нив постои една љубов, на таа љубов е кон нив самите, љубов кон самите себе. Можеме да кажеме дека тоа идолопоклонство: води до предавство на другите, води до злоупотреба на довербата.“
Она што изгледа како убедлив говор, поцрта папата Фрањо, води до„ грешка, до лага.„Тоа е на еден начин иронија, истакна Светиот Отец, оние кои денес се доближуваат до Исус и „изгледаат љубезни, сепак се оние истите кои во четврток вечерта би го фатиле во Маслиновата Гора, а во петок би го предале на Пилат”. Сепак, Исус го бара токму спротивното од оние кои го наследуваат: „Да, да, не, не”, „збор на вистината, кажана со љубов”:
А понизноста која Исус ја бара од нас, нема ништо заедничко со удобноста од овој засладен начин да се чекори напред. Ништо! Понизноста е едноставна, таа е како кај дете.
Последната мисла се однесува за „познатата внатрешна слабост”, поттикната од „суетата”, констатира папата Фрањо. Ни се „допаѓа кога се зборуваат убави работи за нас”. А тоа многу добро „го знаат лицемерите” и токму со „овој јазик се обидуваат да не ослабнат”:
„Денес да размислиме добро: Каков е нашиот јазик? За вистината зборуваме со љубов или зборуваме со овој социјален јазик на воспитани луѓе, зборуваме убави нешта, кои не ги чувствуваме? Нашиот јазик нека биде евангелски, браќа! А оние лицемери, кои почнуваат со ласкање, лицемерие и слично, завршуваат со барање лажни сведоци, за да можат да обвинат. Да побараме денес од Господ, нашиот јазик да биде говор на обичните, детски говор, говор на чеда Божји, говор за вистината од љубов “. (го*ко)