Папата Фрањо ќе се сретне со претседателот на Русија Путин

На 25 ноември 2013 година папата Фрањо во Ватикан ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин. Ова е јавено во четврток 7 ноември од канцеларијата за печат при Светата Столица.

Владимир Путин, за време на неговиот прв претседателски мандат три пати беше во Ватикан: во 2000 и 2003 година се сретна со Иван Павле II, а во 2007 се сретна со Бенедикт XVI. Од декември 2009 година Ватикан и Русија имаат потполни дипломатски односи.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот