Само неколку недели по првата посета на Украина, апостолскиот милостинар патува во Лавов за да донирана од Папата амбулантно возило.
Кардиналот Конрад Крајевски допатува во Рим од Португалија, каде во светилиштето во Фатима изврши чин на посветување на човештвото, посебно Русија и Украина, на Безгрешното срце на Марија. Папскиот милостинар веќе е на пат за Лавов во Украина со амбулантно возило донирано од Папата и благословено деновиве, потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни.
По пристигнувањето на кардиналот, возилото ќе биде доставено до градските власти, кои ќе го доделат на објектот на кој му е најпотребен. Тоа е конкретна помош за локалното население кое е значително зголемено поради големиот број бегалци.
Пред Богородица од Фатима побарав заштита на Украина, искушувана од војната, но и за задачата што треба да ја извршам по налог на Папата, изјави кардиналот Крајевски за ватиканските медиуми. Ќе одам со срце полно со надеж, призна тој, откако вчера во богородичното светилиште се молеше со 15.000 верници во маријанското светилиштево, во молитвеното заедништво со Папата кој молеше во базиликата Свети Петар.
На посветувањето во Фатима учествуваа околу 25 бискупи, а меѓу верниците беше и португалскиот претседател Марсело Нуно Дуарте Ребело де Соуса. Целиот народ со мене ја молеше молитвата, нагласи апостолскиот милостинар. Сите го држеа текстот во раце, од Фатима се креваше „крик за мир“ барајќи чудо за крај на војната во Украина. Верата ја запира војната, со сета вера одам во Украина за да ги видам конкретните последици од чинот на посветување на Марија, рече кардиналот Крајевски.
Ватикан њуз/к.мк