Папата Фрањо ја прими наградата Шабаз Бати за мир и помирување

На средбата со делегацијата на Светскиот евангелски сојуз и нивната братска организација „Форум прв чекор“, на папата Фрањо му беше врачена овогодишната награда за слобода „Шабаз Бати“, за неговото неуморно залагање за мир и помирување во светот.

Во разговор за Радио Ватикан, Геоф Туниклиф, претседател на Светскиот евангелски совет, зборуваше за можните подрачја на соработка помеѓу Евангелската заедница и Католичката црква. Објаснувајќи што поточно мисли со изразот „Нова ера во односите помеѓу евангелиците и католиците“, што е воедно и наслов на говорот со кој му се обрати на Папата, Туниклиф истакна дека католиците и евангелиците денес имаат многу блиска соработка по прашањата кои будат длабока загриженост, како и во однос на бројните општествени проблеми со кои се соочуваат.

Веќе влеговме во оваа нова ера поради она што се случува во локалните заедници, во земјите, па затоа и имаме одраз на тоа на глобално ниво: само истакнуваме што е сегашната стварност, истакна Тунклиф. Тој, истотака, го истакна и доприносот кој папата Фрањо му го дава на овој замав, но и додаде дека тој замав започна уште во времето на понтификатот на папата Бенедикт XVI.

Гласот на христијански вредности, кој е потребно да се слушне, е застапен и во Католичката црква, но и меѓу евангелиците, рече Тунклиф, објаснувајќи како, во последните 10 години, нивната меѓусебна соработка е засилена. Говорејќи за другите подрачја на заедничко делување, Тинклиф ја истакна потребата за соработка по прашањето на сегашната состојба на Блискиот Исток, односно тамошното искоренување на христијанството; потоа за потребата од одговор на порастот на трговијата со луѓе, и за заедничкото залагање во спречувањето на нуклеарното наоружување. Ова е еден од оние моменти во историјата кога сите мора да се соединат во име на оние што страдаат, истакна во разговорот за Радио Ватикан Геоф Тунклиф.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот