Папата Фрањо: Црквата не е културно друштво

Ватикан, 1.6.2013 /к.мк/ – Црквата не е некоја културно друштво, туку Божјо семејство – истакна папата Фрањо на светата Литургија во сабота 1 јуни служена во заедништво со архиепископот од Хавана, кардинал Ортега и Аламин. Папата повторно рече дека христијаните не треба да се срамуваат од крстот, поттикнувајќи ги да не дозволат да ги зароби световниот дух.

Со каква власт го правиш тоа? Поаѓајќи од ова прашање на првосвештениците со намера да го компромитираат Исус, Папата праша зошто се против Исус? Можеби поради направените чуда? Во тоа не е проблемот – одговори – туку се соблазнуваа, бидејќи злите духови викаа по Исус: Ти си Син Божји, Ти си Светец Божји. Тоа е сржта на проблемот, тоа ги соблазнуваше. Овоплотениот Бог. И на нас ни се поставуваат замки во животот, но тоа што соблазнува во „Црквата е таинството на Овоплотеното Слово“? Тоа не се поднесува, ѓаволот тоа не го поднесува – истакна Светиот Отец.

Колку пати се слуша како говорат: вие, христијаните, бидете малку понормални, разумни како и другите луѓе. Таков говор доликува на скротувачите на змии. „Бидете такви, зарем не? Малку понормални, не бидете толку крути …  А во позадина: Ма, не доаѓајте со приказни дека Бог се овоплоти! Ги соблазнува овоплотеното Слово! Колку сакаме можеме да правиме социјални дела и секогаш ќе велат: Навистина Црквата е добра, се ангажира социјално. Но ако кажеме дека тоа го правиме, бидејќи тие се тело Христово, тогаш се соблазнуваат. А тоа е вистина, тоа е објавата на Исус: присутност на овоплотениот Исус – објасни папата Фрањо.

Во тоа е проблемот – нагласи Папата: Секогаш ќе постојат искушенија дека без соблазната на Овоплотеното Слово, без соблазната на крстот се прават добри дела. Напротив, мораме да биде доследни на таа соблазна, со таа стварност која соблазнува, а тоа е: доследност на верата. Папата потсети на зборовите на апостол Иван: Оние кои противат дека Словото зема тело припаѓаат на антихрист, тие се против Христос. Меѓу другото, на Светиот Дух му припаѓаат само оние кои тврдат дека Словото зема тело – рече папата Фрањо.

Папата потврди дека на сите ќе им биде добро ако мислиме дека Црквата не е некоја културна, верска или социјална организација, таа е Исусово семејство. Црквата верува дека Исус е Син Божји, кој дојде во тело: тоа е соблазна и поради тоа го прогонуваа Исус. На крајот, она што Исус не сакаше да им го каже кога го прашаа: Со каква власт го правиш тоа?, му кажа на врховниот првосвештеник. Конечно кажи дали си ти Син Божји – Да! И затоа е осуден на смрт. Тоа е причината за прогонството. Ако станеме разумни христијани, социјални работници, христијани кои прават добро, која ќе биде последицата. Нема да имаме маченици, тоа ќе биде последицата – истакна Светиот Отец.

Напрвотив кога ја говориме вистината дека Синот Божји дојде и се овоплоти, кога проповедаме за соблазната на крстот, ќе дојде прогонство, ќе дојде крст, а тоа е добро, таков е нашиот живот – рече папата Фрањо и поттикна од Господ да молиме за благодат да не се срамуваме да живееме со соблазната на крстот, а исто така и за мудрост за да не се препуштиме на световниот дух, кој секогаш ни нуди глатки, граѓански и добри предлози, а во позадина сепак е негирањето на фактот дека Словото стана тело, негирање на овоплотеното Слово. А тоа ги соблазнува оние кои го прогонуваат Исус и токму тоа го уништува ѓаволското делување . Амин – заврши Светиот Отец.  (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<