На 28 февруари 2021 година по завршувањето на молитвата Ангел Господов, Папата упати апел по повод Светскиот ден на ретки болести
Денес се одбележува Светскиот ден на ретки болести. Ги поздравувам членовите на некои здруженија кои се ангажираат на ова подрачје, кои дојдоа на Плоштадот. Во однос на ретките болести, мрежата на солидарност помеѓу членовите на семејството е поважна од кога било. Потпомогнати од овие здруженија, помага и да не се чувствуваат сами, како и со размена на искуства и совети. Охрабрувам иницијативи кои поддржуваат истражување и грижа и ја изразувам мојата блискост со болните, семејствата, а посебно со децата. Треба да се биде близу до болните деца, децата кои страдаат, да се молиме за нив, да го почувствуваат милувањето на Божјата љубов и нежност, да се лекуваат децата и да се придружуваат со молитва, дури и оние кои страдаат од болести за кои никој не знае за што се работи, кои имаат прилично лоша прогноза, за сите луѓе кои ги имаат овие ретки болести, посебно да молиме за децата кои страдаат, рече Папата во обраќањето по молитвата Ангел Господов.
Ватикан њуз/к.мк