Папата Фрањо во среда 6 септември 2023 година се сретна со источно – католичките епископи од Украина, кои деновиве во Рим се собрани на архиерејски синод, а во разговорот со нив уште еднаш посочи дека војната е ѓаволска, ја одзема детската насмевка. Поттикна во октомври да се моли Света Бројанинца, која ќе биде посветена на мирот и крај на конфликтот во Украина
Тоа е сурова, а истовремено и злосторничка трагедија која има димензија на мачеништво, за која не се зборува доволно – рече папата Фрањо, трогнат од средбата која траеше речиси два часа, пред да појде на плоштадот Свети Петар на Генерална аудиенција, и на која директно слушна од епископите на Источно – католичка црква во Украина за големата болка, за војната и за бројот на мртви, ранети, измачувани луѓе. Сето тоа го нарече дело на ѓаволот кој сака да уништува.
Војната ја одзема насмевката на децата
Светиот Отец со внимание ги слушаше зборовите што му ги упатија учесниците од различни делови на Украина – се истакнува во соопштението од канцеларијата за печат на Светиот Престол – и со неколку кратки интервенции ги изрази своите чувства на близина, но во исто време и чувство на беспомошност пред војната, особено кога станува збор за децата. Папата ги спомна украинските деца кои ги сретнува за време на аудиенциите, кои – како што рече – гледаат во тебе, но заборавиле да се смеат и додаде: „Тоа е еден од плодовите на војната – одземање на детската насмевка.
Светата Бројаница во октомври посветете ја за мир во Украина
На суровоста на војната се реагира со потребата од поинтензивна молитва за преобраќање и завршување на конфликтот, а папата Фрањо, надоврзувајќи се на барањето упатено до него на денешната средба, изрази желба во октомври, посебно во светилиштата, молитвата Света Бројаница биде посветена на мирот и особено на мирот во Украина. Беше спомната и неодамнешната средба одржана преку видео врска со младите руски католици и недоразбирањето од украинска страна поради некои зборови на Папата. Светиот Отец го повтори на епископите она што им го кажа и на новинарите во авионот на враќање од Монголија, истакнувајќи дека, што се однесува до голема Русија, во тој контекст тој зборува културолошки.
Народот сака да бидеме храбри како Исус во страдањето
Она што Украина треба да го види во овој драматичен период од нејзината историја – според Папата – е примерот на Исус за време на Страдањата, кој не станува жртва на навреди, мачење и распнување, туку сведочи за храброста да ја зборува вистината и да биде блиску со народот за да не се обесхрабрува. Не е лесно – рече Папата – тоа е светост, но народот сака да бидеме свети и учители на патот што нè научи Исус.
Пред да и се помолат заедно на Богородица на крајот од средбата, папата Фрањо им довери на епископите дека секој ден ги споменува Украинците во неговата молитва пред иконата на Пресвета Богородица, која му ја подари големиот архиепископ Свјатослав Шевчук пред да го напушти Буенос Аирес – стои на крајот од соопштението.
Ватикан њуз/к.мк