Коментирајќи го Евангелието за денешната Литургија, папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов зборуваше за воскресението. Земската димензија не е единствена. Треба да се очекува „скриената“ димензија. Бог го љуби животот и животот е таму каде се вистинските односи и врските на верност – истакна Папата.
Таму каде што е себичноста нема живот – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов во недела, 10 ноември 2019 година, на плоштадот Свети Петар, осврнувајќи се на Евангелието за денешната Литургија кое ни ја дава прекрасната Исусова поука за воскресението од мртвите (Лк 20, 27-38). Дојделе да го испитваат Исус некои садукеи кои не верувале во воскресението и заради тоа го предизвикувале со подмолно прашање: Чија ќе биде жената по воскресението? Го наведуваат примерот за жената која ги имала за мажи седумина браќа, еден по еден и кои умреле еден по друг – потсети Папата и истакна: Исус не паднал во замка, туку одговорил дека оние кои воскреснале и преминале „на другата страна“, ниту се женат, ниту се мажат. Имено, не можат повеќе да умираат затоа што се исти со ангелието и бидејќи се деца на воскресението, тие се Божји деца.
Со тој одговор Исус пред сѐ ги повикал своите соговорници, а и нас да размислиме дека таа земска димензија во која сега живееме не е единствена, туку постои и друга, повеќе не подложна на смртта, во која потполно се покажува дека сме деца Божји – рече Светиот Отец и напомена: Слушајќи го тој едноставен и јасен Исусов збор за задгробниот живот, ни дава голема утеха и надеж. Тоа многу ни е потребно посебно во ова наше време кое е многу богато со познавање на вселената, но така сиромашно со мудроста за вечниот живот.
Таа Исусова јасна сигурност во воскресението во потполност се темели на верноста на Бог Кој е Господар на животот – рече папата Фрањо и продолжи: Всушност зад прашањето на садукеите се сокрива нешто длабоко; не само чија ќе биде жената која имала седум мажи, туку чиј ќе биде нејзиниот живот. Се работи за сомнеж кој го допира човекот во сите времиња, па и на нас; по оваа земско ходочастие, што ќе биде со нашиот живот? Дали ќе се претвори во ништо и припадне на смртта?
Исус одговорил дека животот му припаѓа на Бог која нас нѐ љуби и многу се грижи за нас, до таа мерка што своето име го поврзува со нашето: „Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов. Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, за сите во Него да живеат“ – рече Папата и додаде: Животот постои таму каде е врската, заедништвото и братството. Тој живот е посилен од смртта кога е изграден на вистински односи и врски на верност. Напротив, таму каде човекот се замислува дека припаѓа само на себе и дека може да живее како остров, нема живот.
Во таквите ставови преовладува смртта. Тоа е себичност. Ако живееме за себе, во своето срце сееме смрт. Нека Блажена Дева Марија ни помогне секој ден да живееме во перспективата на она што го исповедаме во завршниот дел на Символот на верата: „Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век“ – заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк