Папата: Одете на перифериите, полни се со осаменост

Папата: Одете на перифериите, полни се со осаменост

Се навршуваат десет години од делувањето на француското здружение „Лазар“ кое се грижи за сиромашните, бездомниците и младите на празлична возраст, примајќи ги во „солидарни“ станови. Таа годишнина ја прославија со папата Фрањо кој им го врачи својот говор, во кој пред сѐ на вработените и на волонтерите на здружението им изразува длабока благодарност за искуството за нивниот секојдневен соживот и братство.

Имате прилика да бидете и тоа не само за вас самите, туку и за целиот свет приказ на општествено пријателство кое сите сме повикани да го живееме. Во средина полна со рамнодушност, индивидуализам и себичност ни помагате да сфатиме дека вредноста на вистинскиот живот се наоѓа во прифаќањето на различноста, во почитувањето на човечкото достоинство, во слушањето во грижата и служењето на најмалите – истакна Папата во говорот до претставниците на здружението „Лазар“ кој им го врачи и додаде дека единствено негувајќи го тој вид на однос можеме да го направиме можно инклузивно општественото пријателство и братството отворено за сите.

Обраќајќи се потоа на сиромашните, болните и бездомниците кои здружението секојдневно ги прима, Папата ги поттикна да не се обесхрабруваат. Во општетсвото можете да се почувствувате изолирани, отфрлени и можете да трпите заради исклученост. Но, немојте да се предадете… Одете напред, негувајќи во срцето надеж на заразна радост. Вашето животно сведоштво нѐ потсетува дека сиромашните се вистински евангелизатори затоа што први се евангелизирани и повикани да учествуваат во радоста Господова и во неговото Царство – напиша и истакна дека сиромашните имаат посебно место во Божјото срце. Дури и ако светот вас ве гледа одозгора кон долу, вие сте скапоцени, многу значите во Господовите очи. Бог вас ве сака, вие сте негова привилегија. Затоа не дозволувајте да ви ја одземат вашата радост на животот и помошта на другите за да живеете.

На крајот вработените и волонтерите на здружението повторно ги поттикна да останат цврсти во своите уверувања и во својата вeра, но и да одат понатаму од нормалното послание кое го извршуваат во последните десет години. Ширете го огнот на љубовта кој ги грее студените и безчувствителни срца. Не се задоволувате со живот на пријателство и солидарност меѓу членовите на вашето здружение, туку одете понатаму. Осудете се да вложувате во слободно даруваната и примена љубов – напомена папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот