Војната во Украина, семејните и христијанските вредности, верската слобода и прогонството, беа во центарот на последната средба на папата Фрањо со претседателката на Република Унгарија, г-ѓа Каталин Новак, во петок 25 август 2023 година во Ватикан.
Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светаиот Престол, разговорот поминал во срдечна атмосфера, при што соговорниците се потсетиле на апостолското патување на Папата во Унгарија на 28-30 април 2023 година, а станало збор и за „теми од заеднички интерес, како што се семејството и христијанските вредности“.
„Разговорот“, се наведува во соопштението, „продолжи со фокус на војната во Украина, со посебен осврт на хуманитарната ситуација и напорите да се стави крај на конфликтот“.Се разговарало и за верската слобода и состојбата на прогонетите христијани во светот.
По средбата со Светиот Отец, унгарската претседателка се сретна со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, придружуван од потсекретарот за односи со државите, монс. Мирослав Вачовски.
Ватикан њуз/к.мк