Поглаварот на Католичката црква, папата Фрањо, реагираше на смртта на неговиот сонародник, легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина од срцев удар на 60-годишна возраст во среда 25 ноември 2020 година.
„Папата Фрањо е известен за смртта на Диего Марадона, кој со љубов се сеќава на неговите неколку состаноци во последните неколку години и го спомнува во неговите молитви, како што тоа го правеше претходните денови откако дозна за неговите здравствени проблеми“, рече гласноговорникот на Светиот Престол Матео Бруни.
Пред само неколку дена, папата Фрањо, кој е докажан љубител на фудбалот, во разговор се присети на неговата осаменост во Германија каде престојувал кога Аргентина, предводена од Марадона во 1986 година, го освои Светското фудбалско првенство. А пред шест години, на 1 септември 2014 година, за време на Генералната аудиенција во Ватикан, Марадона на Папата му го подари својот дрес со број 10, кој го носеше на Светското првенство.
И покрај тоа што изјави дека се дистанцирал од Црквата, Марадона чувствувал блискост со папата Фрањо поради неговата грижа за сиромашните. „Од нас двајца, вистински шампион е Папата“, рече Марадона за време на една друга средба со Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк