Кардинал Паролин: Католичките политичари треба да ги поддржуваат вистинските христијански вредности

 Во последниот викенд од месец август во Фраскати се одржува Петтата по ред годишна конференција на Меѓународната мрежа на католички пратеници, на која присуствуваше и Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, кој на учесниците им се обрати со пригоден говор.

Кардиналот искажа задоволство што е меѓу учесниците на конференцијата и им се заблагодари поради нивното предано делување во јавниот и политичкиот живот во нивните земји и месни заедници, а целта е стручна работа нахранета и вдахновена со католичка вера. „Знам дека сте овде бидејќи се ангажирате околу „Земската држава“, чија цел е христијанскиот морал и крепости уште поверодостојно да се вкоренат во заедниците ширум светот, така да заедно можеме да дојдеме до „Божја држава“ – рече кардиналот.

„Токму вчера“ – продолжи Паролин – „го прославивме празникот на свети Августин, на кого му ги должиме сликите на тие две држави. „Можеме без двоумење да кажеме дека Црквата има потреба од вас во своето универзално послание, а за возврат вие имате потреба од Црквата како мајка и учителка на сите. Во различноста на своите служби во светот, Црквата има само едно послание: сè да обнови во Христос. За оваа задача, Црквата има потреба од вас, активни католички пратеници, бидејќи вашето носење на закони, е важниот дел на лаичкиот апостолат“. „Црквата знае дека вашата работа не е лесна“ – истакна кардиналот“ – „Ги разбира и бројните опасности за семејниот живот, во облик на одредби и закони кои овозможуваат или дури го забрзуваат распадот на семејството. Од своја страна, Светиот Отец и бискупите ве поттикнуваат и храбрат во вашата работа, како би напреднало Христовото царство на земјата, во единство во нивното послание како пастири“, заклучи Паролин, повикувајќи ги собраните на растење во светоста, пренесувајќи им го апостолскиот благослов на Светиот Отец и неговите поздрави.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот