Во говорот кој им го даде на свештениците од Белгискиот папски завод кои ги прими во аудиенција, папата Фрањо за пример им го даде свршеникот на Марија за да ја научат уметноста на татковството станувајќи така пастири способни да го чуваат стадото и да гледаат понатаму во согласност со Божјиот план.
Свети Јосиф е пример за пастирите кои се повикани пред сѐ да бидат татковци. Папата Фрањо во пресрет на празникот на заштитникот на целата Црква се осврна на главната тема на Апостолското писмо Patris Corde со кое на 8 декември 2020 година ја одреди Господината на свети Јосиф. Тоа го направи во говорот кој го предаде на свештениците од Белгискиот папски завод кој ги прими во аудиенција по повод 175 годишнината од основањето на заводот. Меѓу студентите на таа институција – напомена папата Фрањо, бил и свети Иван Павле II.
Татко кој прифаќа, чува и сонува – три работи кои треба да се имаат на ум во свештеничката служба; три главни карактеристики на свети Јосиф. Папата се осврна на Исусовиот земски татко истакнувајќи дека на страна ги ставал личните проекти и не барал објаснување за изненадувачката и таинствена реалност пред која се нашол, туку ја сакала и ја прифатил со вера. Такво однесување би требало да прифати свештеник кој е испратен во нова парохија за да не биде потчинет на преодредените пасторални планови без да ја земе во предвид постоечката реалност – објасни Папата. (…)
Свети Јосиф е татко кој чува. Да биде чувар е важен дел од неговиот повик и неговото послание – рече Светиот Отец. Да чуваш – за Јосиф како и за секој свештеник кој од него го вдахнува своето татковство, значи нежно да ги сакаш оние кои му се доверени, мислејќи пред сѐ на нивното добро и на нивната среќа, дискретно и во истрајна великодушност. Тоа е љубовта на Јосиф која се конкретизира во будно, внимателно срце кое моли.
Така пастирот не го напушта своето стадо – истакна Папата, туку стои покрај него за да му го отвори патот, среде стадото за да го охрабри и зад него за да ги собира последните. Не се става во центарот себе и своите идеи, туку доброто на оние кои е повикан да ги чува, избегнувајќи ги спротивните искушенија на превласт и негрижа. На тоа е повикан свештеникот на однос на заедница која му е доверена односно треба да биде внимателен чувар подготвен на промена во согласност со она што го бараат приликите; повикан е да не биде „монолитен“; крут како од гипс во начинот на извршувањето на својата служба кој можеби по себе е добар, но кој не е во состојба да ги воочи промените и потребите на заедницата.
Таму каде што другите не гледаат ништо, Јосиф го истражува Божјото делување, станувајќи „сонувач“, оној кој гледа понатаму. Во Марија и Исус пронаоѓа знаци на Неговото присуство, и верувајќи Му повеќе на Бог отколку на сопствените двоумења, Му се предал – истакна Папата, како средство за остварување на поголем план, во служба извршена во сокриеност, великодушно и неуморно, сѐ до тивкиот крај на животот. (…)
На крајот од текстот Папата ги поттикнува свештениците во оваа година посветена на свети Јосиф на посебен начин да го откријат во молитвата ликот и посланието на свети Јосиф, послушен на Божјата волја, понизен творец на големи потфати, покорен и креативен слуга. Добро ќе ви направи себе и вашиот повик да ги ставите под неговата заштита и да ја научете од него „уметноста на татковството“ која наскоро ќе бидете повикани да ја остварувате во заедниците, средините и во свештеничките служби кои ќе ви бидат доверени. Ве придружувам со своите молитви и со својот благослов – напиша на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк