Папата Фрањо посебно се молеше за населението во Нигерија кое страдазаради насилството и тероризмот и поттикна Египет, Етиопија и Судан да пронајдат решение за прашањато за реката Нил, односно да се договорат за управувањето со водата и реките кои веќе со години се предмет на тешки преговори.
По молитвата Ангел Господов папата Фрањо потсети дека Дева Марија која денес ја гледаме во небесната слава, е „Мајка на надежта“, а тој назив – напомена, неодамна е вброен во Луретанските литанија. Да го повикаме нејзиното застапништво за сите ситуации во светот во кои е потребна надежта: надежта во мирот, праведноста, надежта во достоен живот – поттикна и рече дека посебно сака да се моли за населението во северниот дел на Нигерија кое е жртва нанасилството и терористички напади.
Освен тоа папата Фрањо истакна дека посебно внимателно ги следи тешките преговори за проблемот со реката Нил, помеѓу Египет, Етиопија и Судан. Ги повикувам сите вклучени страни да продолжат да одат по патот на дијалогот за Вечната река и понатаму да биде лимфа на животот која обединува, а неразделува, која секогаш го негува пријателството, благосостојбата и братството, а никогаш непријателството, неразбирањето или конфликтот. Нека дијалогот драги браќа од Египет, Етиопија и Судан биде вашиот единствен избор, за доброто на вашите мили народи и за целиот свет – поттикна Папата.
Посакувајќи им го на сите среќен денешниот празник, препорача посета на некое богородично светилиште. Римските граѓани и сите кои се наоѓаат во Рим гипоттикна да одат во базиликата Света Марија Велика и да се молат пред иконата на Пресвета Богородица Спас на римскиот народ (Salus Populi Romani).
Ватикан њуз/к.мк