Папата Фрањо: Поделбата меѓу христијаните е скандал

Драги браќа и сестри, добар ден!

Минатата сабота започна Молитвената осмина за единство на христијаните, која ќе заврши следната сабота, на празникот Преобраќање на свети апостол Павле.  Во таа многу скапоцена духовна иницијатива христијанските заедници

учествуваат повеќе од стотина години. Станува збор за време посветено на молитва за единство на сите христијани, според Христовата желба „за да бидат сите едно“ (Иван 17,21). Секоја година една од екуменските групи на некоја светска религија под водство на Екуменскиот Совет на Црквите и Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните, предлала тема и подготвува материјал за Молитвената осмина. Ова година тие материјали ги подготвија Црквите и црковните заедници од Канада, а се однесуваат на прашањето кое свети Павле го упати до заедницата во Коринт: „Па зар Христос се раздели?“ (1Коринтјани 1,13).

Сигурно дека Христос не бил разделен. Меѓутоа, мораме искрено и со жалост да признаеме дека во нашите христијански заедници и понатаму постојат поделби кои се соблазна. Поделбите меѓу нас христијаните се соблазна. Нема друг збор, туку соблазна. „А ова ви го велам, затоа што еден од вас“, пишува апостолот „вели: „Јас сум Павлов“, друг: „А јас сум Аполосов“, трет: „Јас сум на Кифа“, а друг: „Јас, пак, Христов““ (1,12). Ниту за оние кои го исповедувале Христа како свој водач Павле не наоѓа зборови за пофалба, затоа што го користеле Христовото име за да се одделат од другите внатре во христијанската заедница. Но Христовото име создава заедништво и единство, а не поделба! Он дојде за да создаде заедништво меѓу нас, а не поделба. Крштението и крстот се главните елементи на христијанското учење кои ни се заеднички. Поделбите напротив ја слабеат веродостојноста и делотворноста на нашето евангелизациско делување и се заканува да се одземе силата на крстот. (сп. 1,17).

Павле ги укорува Коринтјаните поради нивните несогласувања, но исто така благодари на Господ „поради даруваната ви во Христа Исуса Божја благодат, зашто преку Него се обогативте со сѐ, во секое слово и во секое знаење.“ (1Коринтјани 1, 4-5). Тие зборови на Павле не се само формалност, туку знак дека тој гледа примарно – и за тоа искрено се радува – на даровите кои Бог и ги дава на заедницата. Тој став на апостолот е поттик за нас и за секоја христијанска заедница со радост да ги препознаеме Божјите дарови присутни во другите заедници. И покрај болните поделби кои и понатаму постојат, ги прифаќаме збровите на свети Павле како повик за искрено да се радуваме на милостите кои Бог ги дава на другите христијани. Имаме исто крштение, ист Свет Дух кој ни даде милост: да го препознаеме и да се радуваме на тоа.

Убаво е да ја препознаеме милоста со која Бог нѐ благословува и уште повеќе да откриеме во другите христијани нешто што ни е потребно, нешто што можеме да го примиме како дар од нашите браќа и сестри. Групата од Канада која ги подготви материјалите за ова Молитвена осмина не ги повика заедниците да мислат на она што би можеле да дадат на христијаните кои се околу нив,туку ги поттикна да се среќаваат за да сфатат што можат едни од други да примаат. Тоа бара нешто повеќе. Бара многу молитва, бара понизност, бара размислување и постојано преобраќање. Да продожиме по тој пат, молејќи за единство на христијаните, да исчезнат тие соблазни и повеќе да не бидат меѓу нас.

Апел на Папата

Денес во Монтре, во Швајцарија започнува Меѓународна конференција за пронаоѓање на политичко решение за кризата во Сирија, а потоа ќе следат преговори кои ќе се одржат во Женева почнувајќи од 24 јануари. Го молам Господ да допре до сите срца, барајќи големо добро за измачениот сириски народ, не штедејќи ги напорите за што порано да дојде до прекин на насилството и крај на конфликтот, кој предизвика премногу страдање. Сакам на драгиот сириски народ одлучно да тргне по патот на помирувањето, слогата и обнова во кое што ќе учествуваат сите народи, каде секој ќе може да гледа во другиот не непријател и ривал, туку брат кој ќе го прифати и прегрне.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот