Во катехезата папата Фрањо истакна дека Бог се запознава преку објавата и бесплатна љубов, а не преку магија и пророкување на иднината. Магијата не е христијанска, додаде Папата, повикувајќи ги пастирите да внимаваат за да го сочуваат стадото.
Бог се запознава преку објавата и бесплатна љубов – рече папата Фрањо во катехезата за време на Генералната аудиенција на Плоштадот Свети Петар, која се одржа во среда, 4 декември 2019 година. Централна тема на катехезата беше апостолското служење на Свети Павле во Ефес, како што е прикажано во Делата на светите Апостолите. Благодарение на Свети Павле, околу 12 мажи го примиле крштевањето во името на Исус – рече Папата – посочувајќи дека болните биле излекувани, а опседнати ослободени, бидејќи ученикот наликуваше на Учителот.
Силата Божја која се покажала во Ефес ги открила оние што сакале да го користат името на Исус за да ги истераат злите духови, но без духовна власт за тоа, а со тоа ја покажале слабоста на магичните способности што многу луѓе ги напуштиле при изборот на Христа – рече Светиот Отец и посчи: Тоа беше вистинска пресвртница за градот како Ефес кој беше познат магиски центар. Така, Евангелистот Лука ја истакнал некомпатибилноста помеѓу верата во Христа и магијата. Ако го изберете Христа, не можете да се свртите кон врачарот. Верата се предава со доверба во рацете на веродостојниот Бог кој ни дава да го запознаеме преку објава и бесплатна љубов, а не преку дела на магијата.
Практичните христијани сè уште одат кај врачарите денес, но магијата не е христијанска – рече папата Фрањо, додавајќи, многу работи што се чини дека ја предвидуваат иднината или промената на животна состојба не се христијански. Што се однесува до свети Павле, неговото апостолско служење и прошталниот говор, кој беше еден вид духовен тестамент за оние кои, по неговото заминување, ќе треба да ја водат заедницата во Ефес, ова се најубавите страници од Дела на светите Апостоли.
Во еден дел од својот проштален говор, Свети Павле ги охрабрува одговорните во заедницата, за кои знаеше дека ги гледа за последен пат, па затоа им рече: Бдејте над себе си и целото стадо – рече Папата и продолжи: Тоа е работа на пастирот: Да бдее, да бдееме над себе и над стадото. Пастирот мора да бдее; мора да бдеат пастирите, свештеници, епископи, па дури и Папата. Тоа значи да се бдее за да се зачува стадото; да се бдее над самиот себе, испрашувајќи ја својата совест и внимавајќи како да се изврши оваа должност на бдеење.
Свети Павле ги охрабри одговорните во заедницата: „Внимавајте на себе и на целото стадо во кое Светиот Дух ве назначува за надгледувачи, да ја пасете Божјата црква, која ја стекна со својата крв“ – цитираше Светиот Отец и посочи: Откако ја довери оваа задача на одговорните во Ефес, свети Павле ги става во рацете на Бога и им ги довери зборовите на неговата благодат.
Да го молиме Господ да ја обнови во нас љубовта кон Црквата и таложењето на верата што таа ја чува, и да нè направи сите да бидеме соодговорни во чувањето на стадото, поддржувајќи ги во молитва пастирите, за да ја покажат цврстината и нежноста на Божествениот Пастир – заклучи папата Фрањо, а по катетезата ги поздрави сите присутни верници и поклоненици.
Ватикан њуз/к.мк