Папата Фрањо во аудиенција ги прими учесниците на пленарното заседание на Папската академија за живот. Го истакна прашањето за бесплатна и достапна здравствена грижа и борбата против Ковид-19.
Не предизвика само Ковид-19 здравствена криза, постојат и земји во кои секојдневното здравје е загрозено, каде владеат неправди и нееднаквости, недостасува храна и питка вода, каде луѓето умираат од едвај прифатливи хигиенски услови. Постои и „културата на отфрлање“, која доведува до „отфрлање“ на децата и старите лица, минатото и иднината на општеството. Тие се мислите кои папата Фрањо ги подели со учесниците на пленарното заседание на Папската академија за живот која се занимава со темата „Јавното здравство во глобалната перспектива. Пандемија, биоетика, иднина.“
Поаѓајќи од искуството со пандемијата, Светиот Отец рече дека таа го зајакна одекот на крикот на Земјата и плачот на сиромашните. Не можеме да бидеме глуви на овој двоен крик, мора добро да слушаме, повика Светиот Отец.
Ние сме жртви на културата на отфрлање, додаде Папата. Ги отфрламе децата кои не сакаме да ги примаме, рече, што е овозможено со законот за абортус со кој директно се убива. Денес тоа стана „нормално“. Светиот Отец ги повтори и зборовите кои ги упати до новинарите на враќање од апостолското патување во Словачка: „Дали е исправно да се одземе човечки живот за да се реши проблем? Дали е во ред да се ангажира убиец за да го реши проблемот?
Покрај децата, туку се и старите луѓе кои помалку стануваат „отпад“ затоа што „не се потребни“. Но, тие се корените на мудроста на нашата цивилизација, а таа иста цивилизација ги отфрла, нагласи Папата. Против нив се спроведува т.н. „сокриена евтаназија“. Лековите се скапи и се даваат половина. Тоа значи скратување на животот на старите лица“, рече папата Фрањо. Со ова ја негираме надежта – надежта на децата која ни донесува живот кој нѐ движи и надежта која е во корените кои ни ги пружат нашите стари лица.
Набљудувајќи го ова сложено сценарио, Папата нагласи дека треба да се разберат и одговорно да се признае меѓусебната поврзаност на појавите. Животните услови кои се резултат на политички, општествени и изборот во животната средина имаат влијание на човечкото здравје. Доволно е да се испита очекуваниот животен век и здравиот живот во разните земји и општествените групи за да се увидат нееднаквостите кои зависат од варијаблите како висината на платата, квалификациите, па дури и од соседството во истиот град.
Потврдуваме дека животот и здравјето се еднакво темелни вредности за секој, засновани на неотуѓивото достоинство на човечката личност. Но, ако оваа потврда не ја следи соодветна посветеност во надминувањето на нееднаквоста, всушност ја прифаќаме болната реалност дека не се сите животи еднакви и сечие здравје еднакво заштитено, рече Папата.
Светиот Отец ја повтори грижата за тоа дека треба секогаш да постои бесплатен здравствен систем.
Зборувајќи за пандемијата, Папата истакна дека во оваа време кога сме загрозени би требало да се насочи на тоа што значи да се биде ранлив и да се живее во секојдневна неизвесност. Така ќе можеме да преземеме и одговорност за сериозната ситуација во која се наоѓаат другите. Ќе научиме да ги ставаме своите приоритети над оние кои на другите континенти имаат поитни потреби – како што е недостатокот на вакцина, но и питка вода и секодневен леб.
Отстапувајќи го подготвениот говор Папата им кажа на присутните: не знам дали да се смеам или да плачам кога ќе слушнам лидери кои го советуваат населението во сиромашните квартови да се дезинфицираат неколку пати дневно со сапун и вода… Но драги мои, тие никогаш не биле во сиромашен кварт: таму нема вода, не знаат за сапун. Им порачуваат да не излегуваат од дома, но таму куќата им е целото соседство. Ве молам повика Светиот Отец да се погрижиме и за овие реалности, дури и кога размислуваме за здрвајето.
Залагањето за праведна и универзална дистрибуција на вакцината е добредојдено, но земајќи ги во предвид и пошироките подрачја, во кои се потребни исти критериуми на праведност за потребите на здравјето и промовирањето на животот.
Не е лесна задача да се испитат бројните и сериозни прашања кои се појавија во последните две години, признава Папата. Таканаречената „инфлација на говори“ предизвикана од пандемијата доведе и до некој вид на колективна нетрпеливост. Речиси не сакаме повеќе да слушаме за тоа и се брзаме да преминеме на други теми, рече Папата. Но, важно е мирно да размислиме за моежеме детално да испитаме што се случило и да го согледаме патот кон подобрата иднина за секого.
Од оваа криза, додаде Светиот Отец знаеме дека нема да излеземе исти. Или ќе бидеме подобри или полоши. Изборот е во нашите раце. Полошо од оваа криза е тоа да не ја искористиме за дејствување, истакна папата Фрањо.
Ако сакаме да излеземе подобри од кризата, мора да се донесат конкретни одлуки, пред сѐ земајќи ја во предвид меѓузависноста на „заедничкиот дом“ и човечкото семејство. На таа поврзаност се заборави, а горчливите последици ни се пред очи. Потребно е итно да се смени овој штетен тренд, рече Папата, а тоа може да се оствари со синергија на различни дисциплини.
Многу сериозни проблеми се занемаруваат заради недостатокот на соодветна ангажираност, продолжи Папата. Постојат многу примери за тоа, како што е контрастот кај болеста како маларија и туберкулоза или небезбедноста на санитарните услови заради кои секоја година умираат милиони луѓе. Ако ја споредиме таа реалност со загриженоста која ја предизвика пандемијата Ковид-19, гледаме дека перцепцијата за сериозноста на проблемите и соодветната мобилизација на енергија и ресурси на големо се разликуваат, рече Папата.
Во тој контекст апелираше на поддршката на меѓународните иницијативи. Покрај тоа, на Папската академија за живот им порача да учествуваат во заедничките инициајтиви и во јавните расправи. Тоа бара комуникација на соодветниот јазик и разбирливи аргументи во денешниот општествен контекст и така христијанската антрополошка мисла може да помогне на денешните мажи и жени повторно да го откријат основното право на живот од зачнување до природната смрт.
Ватикан њуз/к.мк