Папата Фрањо: Не постои христијанин без Црква

Не постои христијанин без Црква, христијанин кој оди сам, бидејќи Исус лично се вклучи во одењето со својот народ, рече папата Фрањо на светата Литургија на 15 мај во капелата на домот Света Марта.

Папата Фрањо врз основа на првото денешно читање толкува, како првото навестување на апостолите не започнало со Исус, туку со претходната историја на народот (Дела 13, 1-25). Навистина, „Исус не може да се сфати без таа историја, бидејќи единствено Тој е целта на таа историја.“ Така ниту христијанинот не може да се замисли надвор од Божјиот народ. Христијанинот не е изолирана единка, туку му припаѓа на народот, на Црквата, рече Папата истакнувајќи: „Христијанин без Црквата е само идеја, не е реален.“

Незамислив е христијанин кој живее сам за себе, изолиран, предупредува папата Фрањо, исто така „Исус Христос не може да се разбере сам. Исус Христос не паднал од небото како херој кој доаѓа да нѐ спаси. Не. Исус Христос има историја. И навистина можеме да кажеме: Бог има историја, затоа што сакал да оди со нас. Исус Христос не може да се сфати без таа историја. Така и христијаниниот е незамислив без историјата, без народот, без Црквата.“ Христијанинот кој би стоел надвор од својата историја е „нешто лабараториско, вештачко, безживотно“, рече Папата.

Божјиот народ, додаде папата Фрањо, „оди по ветувањето“. Се работи за важна димензија: димензија на сеќавање“: „христијанинот се сеќава на историјата на својот народ, се сеќава на патот кој народот го поминал, се сеќава на својата Црква. Сеќавање… сеќавање на целото минато. Но, каде оди тој народ? Патува кон конечното ветување. Народот патува кон полнината: избраниот народ поседува ветување за во иднината и оди кон ветувањето кон исполнување на ветеното. Заради тоа христијаните во Црквата се луѓе на надеж: надеж во ветувањето. Тоа не е исто што и очекувањето: не, не! Туку нешто друго: надеж. Тоа што те турка напред! Она што не разочарува.“

„Христијанинот е човек кој кога гледа назад е полн со сеќавање: секогаш моли за милост на сеќавање. Кога гледа во иднината: христијанинот е човек на надеж, мажи и жени на надеж. Во сегашноста христијанинот го следи Божјиот пат и го обновува Сојузот со Бог, постојано зборувајќи Му на Бог: Да, да јас ги сакам Твоите заповеди, јас ја сакам Твојата волја, јас сакам да Те следам. Христијанинот е човек на сојузот кој го славиме секој ден во светата Литургија: христијанинот е човек на евхаристијата, жена на евхаристијата.“

Ќе биде добро да размислуваме денес за својот христијански идентитет. Нашиот христијански идентитет е припадноста на еден народ: Црквата. Без тоа не сме христијани. Влеговме во Црквата со крштението: таму сме христијани. Затоа е потребно да се навикнеме на молитва за милост на сеќавање, сеќавање на патот на Божјиот народ, на личниот пат: што направил Бог со мене, во мојот живот, како ме водеше… Да молиме за милост на надеж, а надежта не е оптимизам: не, не! Тоа е нешто друго. И да молиме за милост секој ден да го обновуваме Сојузот со Господ кој нѐ повика. Нека Господ ни ги подели овие три милости, неопходни за идентитетот на христијанин, завршувајќи молеше Папата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот