Папата Фрањо за Светата година на милосрдието: Ова е милосно време
Вонредната света година, Јубилејот на милосрдието ќе започнат на празникот Безгрешно зачнување 2015 година, а ќе завршат на 20 ноември 2016 година на празникот Христос Цар на сите созданија.
Папата Фрањо на 13 март во базиликата Свети Петар најави прослава на Вонредна света година. Тој јубилеј ќе го започнеме со отварањето на Светите врати на базиликата Свети Петар на празникот Безгрешно зачнување 2015 година, а ќе заврши на 20 ноември 2016 година на празникот Христос Цар на сето создание. На почетокот на годината, Светиот Отец рече: „Ова е милосно време. Важно е верниците лаици тоа милосрдие да го живеат и да го внесат во различни општествени средини. Само напред!“
Во информациите за медиумите по повод објавата на јубилејот на милосрдието, која што на 13 март попладне ја објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол, се истакнува дека јубилејот е најавен на втората годишнина од изборот на папата Фрањо, во проповедта одржана во рамките на покорничката богослужба на која што Светиот Отец го означи почетокот на иницијатијата „24 часа за Господ“. Ова иницијатија која се одржува на поттик на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација се состои во тоа во целиот свет црквите да бидат долго отворени за да се повикаат луѓе да пристапат на светата Тајна Помирување. Овогодинешната тема е преземена од Посланието на свети Павле до Ефесјаните: „Бог богат со милост“ (Ефес 2,4).Папата Фрањо на 13 март во базиликата Свети Петар најави прослава на Вонредна света година. Тој јубилеј ќе го започнеме со отварањето на Светите врати на базиликата Свети Петар на празникот Безгрешно зачнување 2015 година, а ќе заврши на 20 ноември 2016 година на празникот Христос Цар на сето создание. На почетокот на годината, Светиот Отец рече: „Ова е време на милости. Важно е верниците лаици тоа милосрдие да го живеат и да го внесат во различни општествени средини. Само напред!“
Отварањето на јубилејот ќе се одржи на педесетата годишнина од завршувањето на Вториот ватикански собор во 1965 година. Тоа е од големо значање бидејќи ја поттикнува Црквата да ја продолжи работата започната на соборот.
Во текот на јубилејот неделните читања преку годината ќе бидат земени од Евангелието по Лука кој е наречен „евангелист на милосрдието“. Данте Алигери го опишува како scriba mansuetudinis Christi”, „писател на Христовата благост.“ Постојат многу познати параболи за милосрдието содржани во Евангелието по Лука: за изгубената овца, за изгубената драхма, милосрдниот Отец. Службената и свечена најава на светата година ќе се одржи со јавно прогласување на була кај Светите врати на Неделата на Божјото милосрдие, празник кој го воведе Иван Павле II, а кој се слави во неделата по Велигден.
Ика/к.мк/Д.И.