Светиот Отец уште еднаш апелираше до меѓународната заедница да му помогне на народот на Либија, кој е опустошен од обилните дождови кои предизвикаа поплави и резултираа со илјадници смртни случаи и големи разурнувања.
Папата Фрањо повторно апелираше до меѓународната заедница да и помогне на тешко погодената Либија, истакнувајќи дека на напатениот либиски народ му е потребна нашата континуирана солидарност.
За време на неговото обраќање до ходочасниците кои зборуваат италијански јазик на крајот од редовната Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар, на 13 септември 2023 година Римскиот бискуп рече: „Моите мисли се со населението на Либија, тешко погодено од обилните дождови, кои предизвикаа поплави, предизвикувајќи бројни жртви и повредени, како и голема штета. Ве повикувам да се придружите на мојата молитва за оние кои ги загубија животите, за членовите на нивните семејства и за раселените“.
„Нека не изостане нашата солидарност кон оние браќа и сестри, кои се изложени на искушението од таа катастрофална природна катастрофа“.
Разорна бура
Според извештајот на новинската агенција Ројтерс, бурата „Даниел“ уништи четвртина од градот Дерна на североистокот на земјата. Најмалку илјада луѓе ги загубија животите, а либиските власти стравуваат дека бројот на загинатите може да биде значително поголем. Црвениот крст претпоставува дека 10.000 луѓе исчезнале низ целата земја во поплавите.
Постојана близина и молитва
Во вторник, 12 септември 2023 година, папата Фрањо му изрази сочувство на народот на Либија преку телеграма потпишана од државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин. Телеграмата е упатена до апостолскиот нунциј во Либија, надбискупот Савиј Хон Таи-Фаи.
Папата Фрањо ја изрази својата тага за загубата на илјадници животи по огромното уништување предизвикано од разорните поплави во Либија, изразувајќи ја својата близина и молитви до народот на Либија. Тој вети дека ќе моли за душите на починатите и сите кои жалат за нивната загуба.
Во телеграмата испратена во вторник, 12 септември, Светиот Отец ја изразува својата духовна близина со повредените, оние кои се стравуват за нивните најблиски исчезнати и поддршката за специјалните служби кои обезбедуваат итна помош за спасување.
Ватикан њуз/к.мк
Папата Фрањо моли за Божји благослов за утеха, сила и истрајност за сите погодени од таа трагедија.