Папата Фрањо на Ангел Господов: Верата во Исусовата присутност
Во катехезата во недела 10 август 2014 година пред насобраниот народ на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо говореше за неделното Евангелие.
***********************
Драги браќа и сестри, добар ден!
Денешното Евангелие ни го дава настанот кога Исус оди по морето (Матеј 14, 22-33). По умножувањето на лебовите и рибите, Тој ги повикува учениците да влезат во коработ и да го почекат на другата страна, додека тој се поздрави од мноштвото, а потоа во потполна осаменост да се повлече во молитва на гората сѐ додека е ноќ. Во меѓувреме во морето се настана силна бура и во среде бура Исус доаѓа до коработ на учениците, одејќи по водата. Кога го виделе, учениците се ислашиле, мислејќи дека е привидение, но Тој ги смирува: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се! Петар со своето типично воодушевување, го прашува скоро како да го искушува: „Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе по водата!“ а Исус му рече: „Дојди“. „Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата, но кога го виде силниот ветар, почна да потонува и извика: Господи, спаси ме! Исус веднаш му подаде рака и го подигна.“
Овој настан е прекрасна слика за верата на апостолот Петар. Во Исусовите зборови кога му вели: „Дојди!“ тој го препознава одекот на првата средба на брегот на тоа исто море и уште еднаш веднаш го напушта коработ и заминува кај Учителот. И оди по водата! Сигурен и подготвен одговор на Господовиот повик секогаш дава да се прават изворедни работи. Но, самиот Господ ни кажа дека можеме да правиме чуда со својата вера, верата во Него, верата во Неговото Слово, верата во Неговиот глас. Меѓутоа, Петар почнува да потонува во моментот во кој го тргнува погледот од Исус и дозволува да го повлечат со себе неуспесите кои го опкружуваат. Но, Господ е секогаш таму и кога Петар Го повикал, Исус го спаси од опасноста. Во Петар, со неговиот ентузијазам и со неговите слабости опишана е нашата вера: секогаш кревка и сиромашна, немирна, но сепак победоносна, верата на христијанинот чекори во пресрет на Господ Воскреснатиот, среде бурата и опасноста во овој свет.
Многу е важна и последната сцена: „И кога влегоа во коработ, ветрот престана. А оние што беа во коработ, се приближија до Него, Му се поклонија и рекоа: Навистина Ти си Син Божји! Во коработ се сите ученици и сите го имаат искуството на слабоста, сомнежот, стравот, „маловерноста“. Но, кога во коработ доаѓа Исус, атмосферата веднаш се менува: сите се чувствуваат обединети во верата во Него. Сите оние, мали и исплашени, станале големи во моментот во кој се фрлаат на колена и Го препознаваат во Својот Учител Божјот Син. Колку пати на нас ни се случува истото! Без Исус, далеку од Исус, се чувствуваме исплашени и толку недораснати што мислиме дека нема да успееме. Ни недостига вера! Но, Исус е секогаш со нас, можеби сокриен, но присутен и подготвен да нѐ поддржи.
Тоа е делотворната слика за Црквата: таа е кораб и мора да се носи со бурите и понекогаш се чини дека ќе ја потопат. Но, тоа што ја спасува не е совршеноста и храброста на нејзините луѓе, туку верата која им овозможува да чекорат во темнина, среде тешкотии и неволји. Верата ни дава сигурност дека Исус секогаш е присутен, дека ни ја пружа својата рака за да нѐ спаси од опасноста. Сите сме на тој кораб и тука се чувствуваме на сигурно и покрај нашите ограничувања и нашите слабости. На сигурно сме и пред сѐ кога знаеме да се фрлиме на колена и да му се поклониме на Исус, единствениот Господ на нашиот живот. На тоа постојано нѐ повикува во совеста нашата Мајка Богородица. Нејзе да и се обратиме со доверба.
РВ/Д.И.