Папата Фрањо: Малолетниците треба да се заштитат од „психолошкото убиство“ на злоупотреба
Папата Фрањо ја охрабри работата на здружението Метер во сузбивањето на педофилијата и истакна дека со својата великодушна работа придонесоа за видливоста на Црквата кон најмалите и најслабите. Треба да се искорени таа култура и да се бори против старите навики на прикривање на сѐ.
Злоупотребата на малолетниците е вид на „психолошко убиство“ и должност е на сите држави децата да се заштитат. Од друга страна во однос на тоа зло потребна е уште посилна свест на семејството и различните воспитни институции – рече папата Фрањо во говорот упатен до членовите на здружението Метер кој веќе повеќе од 30 години се ангажираат во борбата против педофилијата во Италија и во другите земји и во заштитата од злоупотреба и малтретирање на децата. Аудиенцијата е одржана недолго по прославата на 25 дена на децата жртви на насилство и злоупотреба во организција на спомнатото здружение кој го основаше дон Фортунато Ди Ното. Папата Фрањо посебно ги охрабри во нивната работа во текот на пладневниот наговор пред молитвата Царице небесна на 2 мај.
Папата во говорот до здружението Метер ги спореди со домот на кој обично се мисли како на место на прифаќање и заштита. Зборот „дом“ е типично во боја на семејството и потсетува на топлина, љубов, нежност кои можат да се искусат во едно семејство, посебно во моменти на вознемиреност и жалост. Вие сте биле и сте „дом“ за голем број деца повредени во нивната невиност или поробени од себичноста на возрасните. Сте биле и сте дом на надеж поддржувајќи го кај голем број жртви патот на ослободувањето и искупувањето. Затоа ве поттикнувам да продолжите со таа заслужена општествена активност пружејќи го и понатаму својот скапоцен придонес во служба на заштитата на децата – истакна Папата.
Напоменувајќи потоа дека за жал се продолжува со злоупотреба на децата посебно намамувајќи ги преку Интернетот и социјалните мрежи, со страници и портали посветени на педопорнографијата, папата Фрањо истакна дека заради тоа нивната работа е уште попотребна како и обновена со одлучноста на јавните институции и власт и поголема свест за целото општество во борбата против таа драматична реалност. И денес често во семејствата гледаме дека првата реакција е прикривање на сѐ. Исто така и во другите институции, па и во Црквата. Мора да се бориме со таа стара навика на прикривање – предупреди Папата.
Злоупотребата на малолетниците е вид на „психолошко убиство“ и во многу случаи бришење на детството. Заради тоа заштитата на децата од сексуално искористување е должност на сите држави, повикани да ги идентификуваат и трговците со луѓе и злоупотребувачите. Истовремено премногу се потребни пријави и превенција во разни средини во општеството: во училиштата, во спортските, рекреативните и културните активности, во верските заедници како и кај поединци.
Освен тоа на подрачјето на заштитата на малолетниците и во борбата против педофилијата треба однапред да се подготват специфични интервенции со цел делотворна помош на жртвите – напомена Папата и на крајот повотрно се заблагодари и ги охрабри членовите на здружените Метер да не стравуваат од неразбирањето и тешкотиите кои ги има многу. Одете напред храбро и истрајно. Ве придружувам со својата молитва и со својот благослов – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк