Главна тема на разговорот меѓу папата Фрањо и германскиот канцелар беше војната во Источна Европа; тие се согласија дека е потребен апсолутен прекин на непријателствата.
Покрај разговорите на далечина со патријархот Кирил, папата Фрањо на 16 февруари 2022 година разговараше и со германскиот канцелар Шолц. Војната која крвари повеќе од дваесет дена ја исполни агендата на Папата со разговори, особено вчера, со духовни и цивилни лидери, сето тоа поврзано со желбата да се воспостави хоризонт на мир кој е потребно да се постигне што е можно поскоро.
Матео Бруни, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, потврди на новинарите дека папата Фрањо телефонски разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и дека двајцата се согласиле за апсолутно неопходно прекинување на непријателствата и барање мирно решение на конфликтот.
Ватикан њуз/к.мк