Надбискупот Генсвајн: „Почесниот Папа е полн со желба за живот“

Надбискупот Генсвајн: „Почесниот Папа е полн со желба за живот“

Ова изјава на личниот секретар на почесниот Папа следуваше откако Бенедикт XVI во порака со сочувство изрази надеж дека „ќе се придружи на пријателите во небото“…

Надбискупот Георг Генсвајн изјави дека Бенедикт XVI е „полн со желба за живот“ откако почесниот Папа неодамна во порака со сочувство изрази надеж „дека ќе им се придружи на своите пријатели во небото“, пишува CNA.

Личниот секретар на почесниот Папа во разговор за германски Билд рече дека „уметноста на доборото умирање односно ars moriendi, претставува дел од христијанскиот живот“ и дека „Бенедикт XVI на тој начин живее веќе долги години.

Додека дека почесниот Папа е полн со желба за живот. „Стабилен е во својата физичка слабост, кристално јасен во главата и благословен со својот типично баварски хумор.“

Потсетуваме, почесниот папа Бенедикт XVI изрази сочувство по смртта на својот пријател отец Герхард Винклер, напиша дека се радува на моментот кога ќе се придружи на своите пријатели на другиот свет. Во писмото датирано од 2 октомври, а кое го објави опатијата Вилхеринг во Австрија, 94 годишниот Папа пишува дека смртта на отец Винклер длабоко го потресува.

Личниот секретар на Папата рече дека писмото е пишувано „од срце“, што не значи дека Бенедикт XVI „не ја загуби желбата за живот.“ „Напротив“, заклучува личниот секретар на почесниот папа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот