Папата Фрањо за единствен датум за сите христијани при славењето на Велигден

Убавината на Црквата, единството, милосрдието, еден фиксен датум за прославата на Велигден, азискиот континент како ветување за Црквата. Тоа беа некои од темите на кои се осврна папата Фрањо во базиликата „Свети Иван Латерански“, при средбата со учесниците на третите по ред Светски духовни вежби за свештениците, организирани од движењето „Харизматична обнова“ и Католичко братство (Catholic Fraternity).

Средбата на свештениците од целиот свет со Папата беше обележана со песни, молитви и радос. Во своето размислување, богато со содржини и новини, папата Фрањо ја најави можноста да се воспостави заедничка датум за прослава на Велигден, која би помогнала за единството меѓу Црквите, како и на претстојната негова апостолска посета на Централноафриканската држава и Уганда во ноември. Папата прецизира дека размислува исто да ја посети и Кенија. Во дијалогот со свештениците, Папата истакна дека дискусиите и дијалогот ѝ даваат виталност на Црквата: „Цркви без дискусии се мртви цркви. Само во гробовите, никој не разговара за ништо“.

Христовата Црква

Папата не ја криеше радоста „што гледа свештениците од периферијата на светот, седнати во Базиликата, до епископите и неговиот викар, кардиналот Валини. Сите заедно во убавината на Црквата“. Оттука и желбата на Светиот Отец за директен и искрен дијалог меѓу свештениците и епископите кои секогаш треба да се „близу до народот Божји“.

Улогата на жената во Црквата

Папата ја истакна и важноста од присуството на жената во Црквата. „Марија е поважна од апостолите. Женскиот гениј во црквата е благодат, зашто Црквата е жена. Црквата е Христовата свршеница. Таа е мајка на Светиот Божји народ. Црквата е жена. Жените кои се тука, се образ и подобие на Црквата и на Исусовата Мајка Марија“.

Свештеници преобразени во Љубовта

Обраќајќи се до присутните свештеници, Папата посака тие да бидат „преобразени од љубовта: од Троиствената Љубов“. „Не е случајно што денес, тука, го славиме празникот на Пресветото Срце Исусово. Тоа е денот во кој Господ сакаше да размисли над бескрајната и милосрдна љубов на Отецот, изразена во срцето на Неговиот Син и со изворот на сила од Светиот Дух“.

 Господовата прошка

„Не плашете се во најлошите моменти кога сте се скарале со Господ или не сте му биле верни! Приближете се кон Дарохранителницата!“, повика Папата, кој ги советува свештениците да го отворат своето срце, да не се срамат од солзите предизвикани од вербата во Божјата прошка преку исповедта“.

Грижа за стадото

Папата Фрањо истакна дека „Божјиот народ разбира, кога свештеникот е вљубен во Исус или кога е службеник со фиксно работно време или пак го почитува само буквално законот. „Ве повикувам срцето да не ви биде лицемерно! Да има љубов, а не лицемерие; да има милост и нежност!“. Папата истакна дека „првата причина за евангелизација е љубовта на Исус, која сме ја добиле преку искуството дека сме спасени од Него“. „Секој свештеник чувствува во своето срце дека и покрај неговите слабости и неверства, Господ го става токму за тоа во служба на својот народ и тоа е прекрасно“.

Молитвата пред Дарохранителницата

„Ако пред Дарохранителницата и спиеш, не грижи се! Овозможи на Господ да те гледа, треба да одиш кај Него, пред Дарохранителницата! Не се откажувај!“, рече папата Фрањо и ги охрабри свештениците на размислување пред Дарохранителницата, бидејќи таму се наоѓа Љубовта. Ако не знаете што да Му кажете, ако сте уморни, кажете Му дека сте уморни и ако заспиете, направи така Тој да те гледа, а Светиот Дух да се моли за тебе, таму во овој дијалог на љубов, на тишина, дијалог без зборови“.

Проповед

Папата Фрањо се задржа и на проповедта, повикувајќи „таа да му зборува на човечкото срце“ и посочи еден модел на проповед: „една идеја, еден збор, слика и едно чувство“. „Не заборавајте дека проповедта не е конференција, не е лекција по веронаука, таа е Света Тајна. Не плашете го верниот народ Божји, не го истерувајте, не губете време, зборувајте му за Исус, за радоста од верата, вкотвени во Исус“.

Крштевање

„Признавам, тоа е тажно, кога парохискиот свештеник не го крштева новороденчето, бидејќи е дете на самохрана мајка или на татко кој стапил во друг граѓански брак. Нема право! Крштевањето не може да се откаже! Кога тоа се случува, срцето на свештеникот е поврзано тесно со законот на Црквата. На овој начин, Црквата, која е мајка станува за многу верници „маќеа“: ве молам правете така да верниците секогаш чувствуваат дека Црквата е мајка!“, повика Папата. Светиот Отец се задржа и на милосрдието на Исус, кој љубов отворена кон човекот, а не љубов затворена од моралот.

Екуменизам

Во своето размислување Папата се задржа и на скандалот од поделбата меѓу христијаните. „Екуменизмот не е обврска повеќе: тоа е послание од Исус, тоа е барање за единство на Телото Христово, разрушено поради нашиот грев на поделбата“.

Прошка за гревовите

„Ние – рече Папата – се скандализиравме кога милициите од Исламската држава, го изгореа жив оној заробен пилот, во онаа ќелија, но исто така и ние во нашата историја сме го правелето тоа! Ние сме ја повредиле Светата Мајка Црква! Во нашата совест треба да побараме прошка за историјата на нашето семејство, за секој пат кога сме убивале во името на Бог“. Папата ги посочи мачениците, како патишта кон единството и крвта „на мажите и жените кои умираат за Исус Христос“. Тоа, рече Светиот Отец, „е екуменизам со крв“.

Мисионерство

Папата го повика движењето „Харизматична обнова“ кон милосрдие. „Понекогаш сме искушувани да веруваме дека сме господари на милосрдието, а не дарители на благодат. Благодатта не се купува, таа е дар!“. Светиот Отец ги повика свештениците да им дозволат на лаиците да работат за Црквата. „Клерикализацијата е погрешен однос што ја попречува слободата на Црквата“.

Парите

Папата ги предупреди свештениците да не се робови на богатството, да ја препознаваат и затајуваат идеологијата која „создава класни борби!“. „Да го сведочат Евангелието. Исус ги проповеда блаженствата. Проповедајте го Евангелието, бидете со сиромашните. Божјиот народ, никогаш нема да му прости на свештеник, приврзан кон парите или кој се однесува лошо со луѓето. Не заборавајте – истакна Папата – дека ѓаволот влегува преку џебот.

Европа

За предизвиците за Источна Европа и Црквата, Папата Фрањо потсети на историската врска меѓу Рим, Константинопол и Москва и на „сеуште постоечките тензии“, наведувајќи го дијалогот, како извор за изградба на мирот. Светиот Отец истакна дека сегашниот момент на проблеми меѓу Русија и Украина, „е решен само на карта, благодарение на потпишувањето на договоротод Минск, но се уште не е применето ништо во пракса, оттаму паѓаме под еден политички номинализам“.

Емиграција

Папата Фрањо се задржа и на луѓето кои доаѓаат од Африка во Европа, и истакна дека за справувањето со ова вонредна состојба е потребно „Европа да отиде во Африка, но не за да ги одзеде природните богатства на овој континент, туку за да инвестира во него, за да може Африка да се индустријализира, да се создаде работа за луѓето, за да престанат да доаѓаат тука“. Важно е и културното формирање и здравствената заштита, во кои Црквата вложува напори, благодарение на помошта на христијаните од целиот свет.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот