Папата Фрањо даде интервју за дневниот весник Ла Вангуардија
Мир на Блискиот Исток, Црквата во служба на сиромашните, реформа на Ватикан, откажувањето на Бенедикт XVI, папата Пио XII и холокаустот, изопаченоста на овој светски економски систем – се некои од главните теми за кои папата Фрањо зборуваше во долгиот разговор за шпанскиот дневник „Ла Вангуардија“, објавен на 13 јуни 2014 година.
Светиот Отец во таа прилика меѓу останатото кажа дека би сакал луѓето да го помнат како добар човек кој направил сѐ што можел. А што се однесува до светското фудбалско првенство, Папата се пошегува: „Бразилците ми кажаа да бидам неутрален, и јас се држам до зборот“. Издвоивме делови од тоа долго интевју.
Насилство во Божјо име е противречност која не одговара на нашето време – рече папата Фрањо на почетокот на разговорот, во кој го истакна фундаментализмот, опасност присутна во сите религии, и се осврна на „повикот за мир“ со преседателите на Израел и Палестина. Папата кажа дека во почетокот 99% од луѓето во Ватикан зборувале дека таа средба нема да се одржи, меѓутоа подоцна – како што рече – преостанатиот 1% се зголеми. Тоа во никоја смисла не беше политички чин – истакна – туку верски, со цел отворање на прозорците кон светот.
Покрај тоа, Папата предупреди и на антисемитизмот, истакнувајќи дека негирањето на холокаустот е лудост. Не можеме да бидеме вистински христијани ако не ги признаеме нашите еврејски корени – рече – Светиот Отец – дијалогот помеѓу христијаните и Евреите е предизвик, врел компир, но можеме да го водиме како браќа. Што се однесува пак до папата Пачели, Светиот Отец изрази уверување дека отварањето на архивите ќе внесе многу светло.
На кутриот Пио XII му се префрлува сѐшто – рече Папата и додаде – но мораме да се сетиме дека пред сѐ се смета за голем заштитник на Евреите. Притоа потсети дека многу Евреи Пио XII сокрил во манастирите во Рим и во другите италијански градови, као и во летната резиденција во Кастел Гандолфо. Во тој период во летната резиденција Кастел Гандолфо се родени 42 бебиња на прогонети Евреи. Не сакам да кажам дека Пио XII не грешел и јас правам многу грешки, но неговата улога треба да се толкува во приликите на тоа време – истакна папата Фрањо.
Одговарајќи на прашање за Црквата и сиромашните, Папата рече дека сиромаштвото и понизноста се во центарот на Евангелието и тоа во теолошка смисла, не социолошка. Евангелието не може да се разбере без сиромаштвото кое, меѓутоа, треба да се разликува од недостигот. Епископите треба да бидат служители а не принцови – напомена Светиот Отец, но не препушти да предупреди на некои зла на светскиот економски систем, кој во ценатр ги става парите и така паѓаме во гревот на идлопоклонството, рече Папата.
Односот кон младите и старите луѓе е како кон отфрлени работи – истакна потоа Папата и изрази голема загриженост поради невработеноста на младите. Во Европа има 75 милиони невработени млади луѓе – рече – а тоа е варварство. Како ќе се одржи економскиот систем кој веќе – како што рече – не се држи на нозе, потребно е да војува, а бидејќи Трета светска војна не е можна, тогаш се водат локални војни. И на тој начин – предупреди Папата – се произведува и продава оружје за да го поправи билансот на идолопоклоничките економии.
Осврнувајќи се потоа на реформата на Куријата, папата Фрањо рече дека нема никаква интуиција, а ниту некоја лична програма. Тоа што сега го работам е остварување на она што кардиналите го размислуваа на општите конгрегации пред конклавите – рече Светиот Отец и истакна дека важна одлука беше дека идниот Папа може да смета на некој надворешен совет, група советници кои не живеат во Ватикан. Всушност, тоа што сега се нарекува „Советот на осумината.“
Одговарјќи на прашањето дали се чувствува револуционерен, папата Фрањо истакна дека за него голема револуција е враќањето на корените. Мислам дека е најдобар начин за спроведување на вистински промени е тој да се појде од идентитетот.
На новинарско прашање дали се чувствува уште како парох, папата Фрањо кажа дека димензијата на парох е она која најдобро одговара на неговиот повик. Да им служам на луѓето – истакна – тоа ми доаѓа одвнатре. Но, се чувствувам и Папа. Тоа ми помага работите да ги извршувам сериозно. Не е можно да си играш папа-парох – додаде папата Фрањо – тоа би било несериозно. Кога ќе дојде некој шеф на држава, морам да го примам достоинствено и со протоколот кој го заслужува. Вистина е дека со протоколот имам проблеми, но треба да се почитува.
Меѓутоа, кога станува збор за народот, папата Фрањо кажа дека не сака бариери. Знам дека би можело нешто да ми се случи, но сѐ е во Божји раце – рече и се присети дека во Бразил имаше подготвено затворен папамобил. Но, од рибина конзерва не можам да го поздравам народот и да му кажам дека го сакам; за мене тоа е ѕид – истакна папата Фрањо.
РВ/Д.И.