Светиот Отец го прими албанскиот премиер Еди Рама во аудиенција на 27 ноември.
Премиерот Рама потоа се сретна со државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин и со секретарот за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер.
Во срдечниот разговор се истакнати добрите билатерални односи и се разговарало за теми од заеднички интерес поврзани со црквата и граѓанските заедници и придонесот на Црквата за општото добро на албанското општество, миграцијата и мирот.
Станало збор и за главните регионални прашања, вклучително и ситуацијата на Западен Балкан и напредокот на Албанија и другите земји кон целосна интеграција во Европската унија.
Ватикан њуз/к.мк