Папата Фрањо го именува монс. Џорџо Лингуа за Апостолски нунциј во Куба

Светиот отец на местото на монс. Бруно Масуро, го именува монс. Џорџо Лингуа за нов Апостолски нунциј во Куба

Папата Фрањо за Апостолски нунциј во Куба го именува монс. Џорџо Лингуа, титуларен архиепископ на Туск и досегашен Апостолски нунциј во Ирак и Јордан. Монс. Лингуа доаѓа на местото на монс. Бруно Масуро, кој во февруари оваа година беше именуван за Апостолски нунциј во Египет.

Монс. Лингуа е роден во италијанскиот град Фосано на 23 март 1960, а за свештеник е ракоположен на 10 ноември 1984 година. Докторира канонско право и на 1 јули 1992 влегува во дипломатската служба на Светиот Престол. Својата служба ја извршува во Брегот на Слоновата Коска и Соединетите Американски Држави, во одделението за односи со земјите, кое е во склоп на Ватиканскиот државен секретаријат, како и во Апостолските нунцијатури во Италија и Србија.

На 4 септември 2010 година е назначен за Апостолски нунциј во Јордан и Ирак и истовремено е именуван за архиепископ со архиепископско седиште во Туск. За епископ е ракоположен на 9 октомври 2010 во ватиканската базилика „Свети Петар”.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот