Папата Фрањо ги прогласи за свети папите Иван XXIII и Иван Павле II

Свеченоста за историската канонизација на двајцата папи, блажен Иван XXIII и блажен Иван Павле II започна со мноштво ходочасници кои го преполнија плоштадот Свети Петар во Ватикан

украсен со 30.000 ружи, подарок од Еквадор, со молитвата Милосрдна бројаница и со пеење на хорот на Римската бискупија. Папата во мирување Бенедикт XVI се наоѓаше меѓу концелебрантите покрај олтарот. На свеченоста присустуваа повеќе од 800.000 верници од целиот свет.

Евхаристиското славење започна со литанија до светците. По трите барања кои Папата ги упати до претседателот на Конгрегацијата за прогласување на светци кардинал Анџело Амато, во придружба на постулаторите, папата Фрањо ја изговори формулата која го изразува предлогот за почитување на новите светци во целата Црква. Католичката Црква доби нови два светци Иван XXIII и Иван Павле II.

Потоа се прикажаа два реликвијари на новите светци, кои се донесени на олтарот во процесија во кои меѓу останатите беа и Флорибет Мора Дијаз и внуци и внуки на Иван XXIII. За папата Иван Павле II користен е ист реликвијар како и за беатификацијата во 2011 година; епрувета со неколку капки крв, вграден во сребрен реликвијар во облик на маслиново гранче, виско 40 см, дело на римски златар. За беатификацијата на папата Иван XXIII немаше реликвијар, па за канонизацијата е направен уште еден идентичен на оној на полскиот Папа. На плоштадот Свети Петар повторно се користени и големите гоблени со ликовите на новите светци, веќе употребени за беатификацијата, што е уште еден знак на скромност при ова канонизација.

На литургијата со Папата сослужуваа 150 кардинали, околу 1.000 архиепископи и епископи и повеќе од 6.000 свештеници.

На литургијата беа и постулаторите на двете постапки за прогласување на светци, о. Џован Џусепе Калифано за папата Ронкали и полскиот светштеник монсињор Славомир Одер за папата Војтила и двете жени кои добиле чудесно оздравување по заговор на папата Иван Павле II – француската монахиња Марие Симон Пиере и Флорабет Мора Дијаз од Костарика.

Од целиот свет пристигнаа 120 службени делегации, меѓу 24 државни поглавари и италјанскиот Џорџо Наполитано, полскиот Бронислав Коморовски како и некогашниот преседател и нобеловец Лех Валенса и припадници на шпанското и белгиското кралско семејство. ЕУ ја претставуваше преседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и на Европската комисија Мануел Баросо.

На крајот од светата Литургија, пред молитвата Царице небеска, папата Фрањо се заблагодари на сите кои учестуваа на Литургијата за канонизација на двајцата Папи, како и сите оние кои го подготвија оваа славење.

Посебно се заблагодари на свештениците, епископите и кардиналите, како и на бројните делагации кои пристигнаа од целиот свет искажувајќи ја почитта кон двајцата папи. Ги поздрави и поклониците и верниците на Краковската надбискупија и Бергамската бискупија, како и сите кои помогнаа во подготовката на оваа света Литургија, а посебно се заблагоди на Римската бискупија и градот Рим, како и на луѓето кои се грижат за редот и волонтерите. Ги поздрави и сите поклоници во Рим, како и оние кои светата Литургија ја следеа преку медиумите, истовремено заблагодарувајќи се на уредниците и новинарите на тие медиуми. Посебно ги поздрави и сите стари лица во светот, на кои новите светци на посеен начин им се блиски.

На крајот од славењето папата Фрањо се поздрави со почесниот папа Бенедикт XVI, а потоа се поздрави со членовите на присутните државни делгации. Присутни беа и бројни претставници на други религии.

РВ/Д.И.+го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот